• Latest

Студентски пленум: Контра-пленумците ништо не работат!

January 24, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Студентски пленум: Контра-пленумците ништо не работат!

January 24, 2017 14:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога ние дознавме дека е формирано здружение ‘Студентски пленум’, ги побаравме документите од Централен регистар и увидовме дека се формирани две здруженија.  ‘Студентски пленум Скопје’ и ‘Студентски пленум за заштита на правата на студентите’. Двете здруженија имаат ист претседател, но различни се основачите. Од документи имаат Статут и акт за основање и записник. Оттогаш, неколку пати се обидовме да стапиме во контакт со претседателот, но беше  неуспешно, а истото се случи и со другите основачи“, велат за ЦИВИЛ Медиа, соговорници од неформалниот Студентскиот пленум што ги организираше познатите активности на студентите, откако по речиси пет месеци од регистрирањето, контра-здруженијата немаат никакви активности.

„Ги препознавме кои се, тие се дел од Студентскиот парламент и блиски до владејачката партија, со цел да се замолчи целото движење и да се направи конфузија во медиумите. Но, и тогаш споменавме дека колку и да се трудат нема да можат да ја убијат идејата. Здруженијата се регистрирани на почетокот на септември, но ние продолживме со активности, го организиравме студентскиот референдум и сè уште сме дел од преговорите за моделот на студентското организирање“, појаснуваат од Студентскиот пленум.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со Младинскиот образовен форум, за тоа кој е нивниот став во однос на двете здруженија кои го користат веќе добро познатото и препознатливо име меѓу студентите, но и кај останатите граѓан(к)и – „Студентски пленум“.

Александра Филиповска, МОФ

„Важно е да напоменам дека МОФ ги поддржува формалните и неформалните студентски иницијативи во борбата за демократија, за подобро студентско организирање и студентски права. Сепак, регистрацијата на овие две организации е проблематична од аспект дека веќе постои неформалната иницијатива ‘Студентски пленум’, постојат младински организации, студентски органзации па петте основачи на овие здруженија, можеле да се приклучат во веќе постоечката структура доколку навистина сакале да се борат за плурализам, инклузивност и демократија на Универзитетот. Затоа, не ја разбираме потребата да се регистрираат овие две здруженија чија главна цел е залагање за студентите, кога од основањето па до денес, немаат спроведено ниту пак, имаат најавено, било каква активност“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Александра Филипова од МОФ.

Од МОФ се согласни дека е симптоматично што овие организации се формираа во период кога борбата за студентските права беше најсилна, и што здруженијата немаат ниту една активност, ниту прес-конференција, ниту пак, се достапни за новинарите, јавноста и студентите.

Марија Теговска

Tags: МакедонијареферендумСкопје Студентски парламентСтудентски ПленумЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ