• Latest

Се уште не се исполнети условите за укинување на санкциите на ЕУ кон Косово, порача Стано

May 3, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Се уште не се исполнети условите за укинување на санкциите на ЕУ кон Косово, порача Стано

May 3, 2024 12:04
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Рестриктивните мерки што ЕУ ги воведе кон Косово ќе бидат укинати кога за тоа одлука ќе донесат земјите членки на Унијата, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во однос на барањето на косовскиот премиер Албин Курти за укинување на санкциите кон Приштина.

– Кога ЕУ ги воведе рестриктивните мерки кон Косово поради постојната состојба на криза и едностраните одлуки што водеа кон ескалација на односите со Србија, беше сосема јасно кажано дека тие ќе бидат укинати кога земјите членки, а не косовските политичари, ќе решат дека повеќе нема причини за нивно опстојување во сила, а тоа досега не се случи, изјави Стано.

Тој нагласи дека евентуалната одлука за укинување на мерките би ја донеле земјите членки согласно заклучоците од декемврискиот Совет за општи работи, каде се наведени условите што треба да ги исполни Косово, додавајќи дека ЕК јавно не коментира внатрешни процедури што се во тек во институциите на ЕУ.

– Можам само да потврдам дека дискусиите се во тек и дека мерките се уште не се укинати, истакна Стано, додавајќи дека засега не може да даде никаква временска рамка за нивно укинување.

Во однос на Договорот за исчезнатите лица во косовскиот конфликт, склучен пред точно една година во Брисел меѓу Белград и Приштина, Стано нагласи дека за жал досега нема никаков напредок за негова имплементација.

– ЕУ очекува да може да види напредок и од двете страни. Тоа се однесува генерално и за дијалогот и посебно за оваа прашање. Договорите мора да бидат проследени со конкретни акции и не е Европската Унија таа што треба да има волја да презема акции, туку тоа треба да го прават страните, додаде Стано.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албин КуртиЕвропска УнијаПетер Стано
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result