• Latest

Маневар по внатрешните линии

May 18, 2024

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Маневар по внатрешните линии

Сенки од луѓе/аватари трчкаат наваму-натаму, се провлекуваат помеѓу стаорец и професор носејќи пластични ќеси полни пластично ѓубре кое го нарекуваат македонски идентитет

May 18, 2024 18:54
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЕЛЕНА МИХАЈЛОВА СТРАТИЛАТИ

Сведоци сме на еден свет на војни кои го спојуваат традиционалното ѕверство со нехуманата механизација, тоталитарни диктатури, човеково отуѓување (во кое истовремено расте очајувањето и самољубието) и катастрофално уништување на природата. Додека најнесреќните тонат во длабочината на водата, во еден ќош далеку од катастрофата Македонецот лебди во „празен простор“ не наоѓајќи место ни на небото ни на земјата каде би можел да ги пушти своите доволно чисти корени. Соочен со ранливост на разумот, политиката и науката, неговото владеење со стварноста забрзано се руши… сенки од луѓе/аватари трчкаат наваму-натаму, се провлекуваат помеѓу стаорец и професор носејќи пластични ќеси полни пластично ѓубре кое го нарекуваат македонски идентитет.

Македонската политика по владеењето на Груевски го отвори „просторот на можното“. Исклучително успешната и храбра надворешна политика на Македонците им даде можност за конечно себе-ослободување (народ кој може и да учествува во историјата, не само да ја трпи). Сепак, надворешните успеси на власта и внатрешните напори за демократско консолидирање на општеството не можеа да нè ослободат од стегите на груевизмот: како начин на мислење и чуствување, како ресентимент негуван и одржуван со децениското владеење, со јазикот, „моралот“, образованието – кој ја уништува самата мисла, го уништува самиот живот, не уништува нас како луѓе.

Не само што либералната власт не успеваше да се справи со демократскиот натрапник во институциите – опозицијата која седи внатре во демократијата и ги користи нејзините механизми за да ја уништи, туку и со безумноста и омразата кои таа ги циркулира како животно начело.

Додека со официјалните ставови, насоки и политики, државата одозгора го ослободуваше општеството од ирационалниот национализам, тој продолжуваше да се пресоздава во неговите темели. Закотвени во градинките, училиштата и универзитетите, македонските „родољупки“ и „родољупци“ ги натрупуваа предрасудите, суеверието на оние видови незнаење кои се директно штетни за општеството. Она што школите и универзитетите го правеа (и прават) на долг рок, медиумите го постигнуваа молскавично. Со нивните дебати кои наликуваат на примирје помеѓу ограничени умови и новинарски прашања кои вртоглаво нè оддалечуваат од одговорите, директно придонесоа за задушување на разговорот кој на луѓето ќе им овозможи сопствениот страв да го претворат во придвижувачка сила која ќе го победи и ќе им пружи повеќе слобода. Слобода за сите и нека волците (и лажните вести) ги изедат јагнињата. Демократијата може да поднесе сè, само не такво банално изедначување.

Па така, на крајот, од „просторот на можното“ остана мал духовен простор. Во таа метафизичка смисла луѓето тука се судираат, тие се туркаат, едноставно поради тоа што се движат и бидејќи просторот е премногу мал. Тоа е простор од дузина зборови: идентитет, предавство, Македонија вечна. И додека либералната власт вели: нека ги, нека ги биде, само пуштете нè (народот, земјата) да дишеме, да напредуваме, ете ги малите фирерчиња над нас… се закануваат и ја прогонуваат нашата желба за живот, разум, иднина…. како неважна, свирепа, предавничка, поданичка.

Малите и големите сега се на ист терен, државниците и лажните родољупци, старите и новите профитери, и чувствуваме како незнаењето и омразата нè преплавуваат од сите страни и како незнаењето напредува кон огромна и застрашувачка иднина.

Оваа состојба е истовремено и пасивен ужас од тоа сознание и активен извор на енергија потребна да се одбраниме. Претстојните претседателски и парламентарни избори се можеби последната можност на Македонците за некаков маневар по внатрешните линии. Ставање брана, па макар и нога пред една операција која се појасно најавува дека е пред своето заокружување.

Како и самиот Груевизам, така и последователното делување на македонската опозиција е непрекинат маневар на една голема обратна операција: да се премине од свесно во несвесно (или како што Тричковски би рекол уште подиректно: од живот во смрт). Без оглед на варијантите во кои на овие избори се јавува: како пуфкаст академизам, некакво „Че Гевара“ црнокошулаштво или „патриотски“ профитеризам, тоа е истото повикување на најниските страсти и толку посакуваниот ресентимент на толпата како основно чувство кое (би требало да) го обликува нашето суштествување.

Нејзината програма во ниту еден случај не претставува збир на идеи, колку збир на опсесии. Единствено таа опсесија е важна. Се останато е поза … во која интелигенцијата се понижува се додека не се стави во служба на омразата и угнетувањето.

И токму во оваа смисла професорката титула игра голема улога/има голема моќ. Не како убедувачка интелигенција, уште помалку како „гласот на разумот“, туку како една слободно исчашена мисла која надразнува се што може, која ја задоволува жестината на намерите на човекот-топла, молскавично и речиси неосетно.

Во професорската титула на водечката претседателска кандидатка разјарената толпа гледа (сопствено) признание, дозвола, ако не и право да биде тоа што е: деструктивна, садистичка и кукавичка. Таа не сака да престане да биде слаба и безумна. Таа сака нејзината грешност да се потврди. Нема поголемо задоволство кога желбата за линч и (лична) освета (елиминирање на другите/другоста) ќе биде академски аминувана како владеење на право. Желбата да се биде необврзан од одговорноста на разумот и слободата, како гордост.

Таа гордост е (повеќе) негување во затворена вазна на идејата која фанатикот ја има за државата – за она што би морале да бидеме. Таа гордост е исто така жестина, насилност и посебна чувствителност, повеќе огорченост и непријателство кон објектот што го идентификува како причина за својата фрустрација, односно (постојано) доделување вина за сопствената фрустрација. Гордиот Македонец кој Македонија треба повторно да ја земе во свои раце е огорчен на сè големо во луѓето и работите, на сè што верува во себе. Постојано извиен како (оној познат) црв, бидејќи постојано се чувствува згазен. Субјект на една апстрактна слобода (да обвинува, негодува, негира, поништува меѓународни договори, иднина, што и да посака….) со која малку или ништо не може да направи освен да успее да исчезне.

Штом излеземе од неговиот мал секојдневен универзум престануваат да важат неговите претстави и предрасуди. Тоа е причината поради која бесмислата слетува од сите страни. И уште повеќе. Пожелно е да биде така, бидејќи тоа е гаранција дека се оди по добар пат. Ако некој астроном изложи теорија за универзумот која е прифатлива за обичниот човек, како што нашата претседателска кандидатка везе лекции за родољубно уставно преуредување и одважност во надворешната политика, извесно е дека греши. Ако мудар човек предупредува дека утре Македонија може и да ја снема, треба да се слуша внимателно. Научните и филозофските теории на нашата претседателска кандидатка (и нејзините политички пандани) се премногу приврзани за поимниот систем за по дома. Нивниот недостаток е можеби и тоа што, згора на ова, се и помалку сулуди.

Секој човек го повикува она што го нема, па ако некој постојано се повикува на сопственото научно знаење тоа е баш затоа што му се потребни како одбрана од страшните сили на потсвеста. Ќе се извади една идеја (граѓански устав) од една полица, едно чувство од друга (Македонците не се стопан во сопствената држава), ги врзуваш со помош на зборови (корупција, криминал, одговорност) и на крајот испаѓа програма за „владеење на право“.

Посебно е антипатична женската кокетерија со маниризмот – додека „научно“ го онесвестува Македонецот, говори за селекција на најпаметните, додека аминува агресија врз дел од својот народ (насилниот упад во македонското Собрание), говори за обединување на жените и женската еманципација. Штетите што ги произведува и би ги произведувала ваквата интелигенција ставена на чело на државата се неспоредливо поголеми од оние на една питома глупост.

На општеството му е потребна хармонија како што на машината ѝ се потребни масло и заоблени рабови. Во нашето општество македонската опозиција ја бара токму во оние работи каде е потребен несклад (начините на идентитетско суштествување), а нескладот го дозволува таму каде што би требало да се забрани (партиски подобен и неподобен криминал, аминување на „патриотско“ загрозување на уставниот поредок, прислушкување и тепање на сопствениот народ… на „патриотски“ кривични дела). Ништо во едно општество не е пострашно од тоа расипување или злоупотреба на човековата желба за хармонија.

Човекот отсекогаш ќе го очекува доаѓањето на правдата, за таа да победи, тој ќе се одрекне од слободата, за која потоа ќе жали.

Враќајќи ја државата во свои раце, Македонецот е на добар пат да ја изгуби. Македонецот е на добар пат да се изгуби себе си. Овој пат (можеби) неповратно. Вртејќи и грб на социјалдемократијата, тој мисли дека ќе се одмазди. Да, на самиот себе.

Постоечката власт (влада и Претседател) му го дава патот до дадена постоечка иднина, и тој ја отфрла таа иднина и единствено тоа отфрлање го претвора во љубител на измечтаена слобода, во поборник за подобра иднина?! Контрадикција во самата себе, нешто што не е можно. Чиста и опасна фикција.

Свеста е особина која тежи во сегашноста да и даде максимум вредност на иднината – т.е. можност да одговори точно, да релативизира, да разграничува… потполно да одреди една состојба и она што таа го содржи. И колку повеќе изјавите на претседателот на државата се израз на таа јасност, одговорност, и способност сето тоа да се хуманизира, толку повеќе толпата е навредена, како да и говори туѓ јазик?! Луѓето тука се насекаде на пет чекори од ексцес, monstrum in animo е сеопшта опасност. Ваквите инстинкти претендираат да станат тиранин.

Човековото време не се врти во круг, туку праволиниски брза напред. Нам се чини дека ќе ни успее да го поминеме кружно. Да свртиме полн круг од режим во еуфорија за режим.

Повикани сме да ги стопиме нашите животи и иднина во казанот на Македонија вечна. Се додека нашиот избор е дали ќе влеземе во колапс со еуфорија, со задоволство на искалкулирано одметништво или одбивна незаинтересираност, можеби нема многу маневар за последен обид да не се самоуништиме.


Извор: ЛИБЕРТАС

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ