Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), на 31-ви јануари, ќе организира младинска конференција „EYE CON – Empowering Youth for Employment Conference”. Конференцијата има за цел да понуди простор за споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.
EYE CON е организирана како дел од проектот „Со вештини до можности за младите” имплементиран од НМСМ, а поддржан од амбасадата на Велика Британија во Скопје.
Конференцијата ќе се одржи на 31-ви јануари, во 10 часот, во хотелот „Мериот“ во Скопје. Главни говорници на конференцијата ќе бидат британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, претседателот на НМСМ, Дамјан Николовски и Ивона Крстевска, генерален секретар на НМСМ.
Предвидени се две панел дискусии „Иновации во вработувањето на младите во Европа” и „Младински работни места и вештини на иднината“.