• Latest

Француските власти ја повратија контролата над главниот град на Нова Каледонија

May 31, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Француските власти ја повратија контролата над главниот град на Нова Каледонија

May 31, 2024 19:56
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Француските власти во Нова Каледонија ја повратија целосната контрола врз главниот град на француската територија на Пацификот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи и прекуокеански работи Жералд Дарманен.

Во Нова Каледонија две недели траеја немирите, во кои загинаа седум лица, а беа предизвикани многу штети во тој дел од архипелагот, каде со децении владее тензија меѓу поддржувачите на независноста и оние кои и се лојални на Франција.

Министерот Дарманен денеска на мрежата Х изјави дека голема полициска операција била успешно спроведена во населбата Ривиер Сале, последниот дел од главниот град Нумеа, што беше под контрола на демонстрантите.

Министерот соопшти дека 400 членови на безбедносните сили на Нова Каледонија учествувале во операциите, вклучително и членови на елитната француска полиција за борба против тероризмот и организираниот криминал и слични единици на француската војска.

Во акцијата беа уапсени 12 лица и отстранети се 26 улични барикади на противниците на француската колонијална власт.

Насилството избувна на 13 мај како одговор на обидот на владата на францускиот претседател Емануел Макрон да го измени Уставот и да ги промени списоците за гласање во Нова Каледонија. Франција во оваа своја територија прогласи вонредна состојба на 15 мај и испрати стотици воени претставници за да и помогнат на полицијата да ги смири немирите, кои вклучуваа пукотници, престрелки, грабежи и палење згради.

Двете страни во конфликтот во Нова Каледонија – домородните Канаци, кои сакаат независност, и новодојденците, кои и се лојални на Франција, кренаа барикади или за да се побунат против властите или за да ги заштитат своите домови и имот.

Сепаратистичките демонстранти направија барикади од изгорени автомобили и други делови и направија делови од главниот град Нумеа во непристапни зони.

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот одлучи да ја укине вонредната состојба во Нова Каледонија за да го олесни смирувањето на состојбата и да се поведе дијалог меѓу спротивставените страни и француските власти за иднината на 270.000 жители на архипелагот.

Партиите за независност и лидерите на Канаците го повикаа Макрон да го повлече нацрт-законот за изборни реформи доколку сака да стави крај на кризата.

Противниците стравуваат дека изборниот закон ќе биде во полза на профранцуските политичари во Нова Каледонија и дополнително ќе ги маргинализира домородните Канаци, кои долго време водат кампања за ослободување од француското владеење во услови на големи економски разлики и децениска дискриминација.

Иако насилството стивна во последните денови, тензијата е висока и лидерите за независност ги повикаа поддржувачите да останат мобилизирани и да го задржат отпорот кон Франција.

Иако е укината вонредната состојба, во вечерните часови и во текот на ноќта се уште е на сила полицискиот час, а на сила се и забраните за јавни собири, транспорт и носење оружје и продажба на алкохол.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Нова КаледонијаФранција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result