• Latest

Сунак ги демантираше гласините за оставка од премиерската функција

June 10, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сунак ги демантираше гласините за оставка од премиерската функција

June 10, 2024 17:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека „се разбира дека не размислувал да се повлече поради постојаните критики за неговото предвремено заминување од комеморациите по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија, јави ДПА.

Сунак вети дека ќе продолжи „до последниот ден од оваа кампања“, обидувајќи се да ги минимизира гласините за негова можна оставка пред изборите на 4 јули.

Тој во текот на викендот успеа да ги избегне критиките за неговото предвремено заминување од прославата на годишнината од слетувањето во Нормандија, но денеска учествуваше на предизборна демонстрација и порача дека нема да престане „да се бори за иднината на  земјата“.

Запрашан дали размислува да поднесе оставка, Сунак, кој беше во паб во јужниот англиски град Хоршам, на новинарите им соопшти дека „се разбира дека не размислувал за тоа“.

-Јас сум полн со енергија за визијата што ја предлагаме за земјата. Оваа кампања не е ни на половина пат, и наоѓам огромна поддршка за политиките што ги предлагаме, рече Сунак.

Британскиот премиер, исто така, го обнови својот помирувачки тон во врска со неговото предвремено заминување од прославите во Нормандија, изјавувајќи дека „апсолутно не сака никому да предизвика болка или повреда“ и се надева дека луѓето ќе најдат сила да му простат.

Сунак истакна некои од чекорите што ги презел како премиер на земјата, како што е зголемувањето на трошоците за одбрана, но и фактот дека во владината канцеларија има министер специјално за прашања на ветераните.

Tags: Сунак
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ