• Latest
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026 16:49
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МЕДИУМИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Директни смртни закани, повици за насилство и етнички навреди се упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на Фејсбук. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара итна реакција од Министерството за внатрешни работи и предупреди дека дел од пораките содржат експлицитни повици за физичка ликвидација на новинарот.

ЦИВИЛ најостро ги осудува заканите кон Ерол Ризаов и бара итна, темелна и неселективна институционална реакција.

Закана за животот на новинар не е „коментар“, политичко несогласување или израз на револт. Повикот некој да биде физички нападнат или убиен претставува крајно опасна форма на насилство во јавниот простор, која не смее да остане без одговор.

Според информациите на ЗНМ, Здружението веќе упатило ургенција до МВР со барање случајот детално да биде проверен. Особено загрижува што меѓу коментарите има пораки во кои се повикува некој „како ќосето со камата“ да „расчисти“ со Ризаов или тој да биде „решен“ на експресен начин. Кон новинарот се упатени и навреди врз етничка основа.

ЗНМ бара полицијата итно да ги обезбеди и зачува електронските докази, да ги утврди идентитетите на лицата што стојат зад профилите и да процени дали постојат елементи на кривични дела поврзани со закани, поттикнување насилство и говор на омраза, по што предметот би бил доставен до надлежното јавно обвинителство.

ЦИВИЛ го поддржува ова барање и нагласува дека реакцијата мора да биде брза. Во вакви случаи времето е од суштинско значење – и за заштита на лицето кон кое се упатени заканите, и за обезбедување на доказите, но и за испраќање јасна порака дека повиците за насилство нема да бидат толерирани. Сепак, врз основа на долгогодишното искуство со смртни закани и нивното институционално (не)разрешување, претставниците на ЦИВИЛ не гледаат многу причини за оптимизам, односно дека овој случај ќе ја сподели судбината на бројните претходни – нјверојатно ќе остане без вистинска разрешница и без одговорност. Ако и овој случај заврши така, културата на неказнивост само ќе продолжи да се зацврстува.

Заканите се дел од секојдневието

Случајот со Ерол Ризаов, за жал, не е изолиран инцидент. Смртните закани, повиците за физичка пресметка, навредите и кампањите на омраза одамна се дел од секојдневието на бројни новинари, уредници, колумнисти, аналитичари, граѓански активисти и други јавно изложени критички гласови во Северна Македонија.

Особено лесно се мобилизираат онлајн толпи против оние што објавуваат ставови кои не им одговараат на одредени политички, националистички или други центри на моќ. Политичката критика сè почесто се заменува со дехуманизација, етнички и лични навреди, прогласување „предавници“ и отворени или прикриени повици за насилство.

Границата меѓу политичкиот говор на омраза и директната закана станува сè потенка.

А кога институционалниот одговор е бавен, неефикасен или воопшто го нема, се создава опасно чувство дека заканувањето со насилство е дозволено, сè додека некој навистина не премине од зборови на дела.

Неказнивоста ги охрабрува насилниците

Со години во земјата се повторува истиот образец: јавни закани, пријави, осуди од новинарските и граѓанските организации, а институционални разрешници нема.

Таквата практика создава култура на неказнивост.

Кога лицата што упатуваат смртни закани остануваат неидентификувани или неказнети, пораката што ја добиваат останатите е дека можат да продолжат. Следната закана станува полесна. Следниот повик за насилство, поотворен. Следната цел, поранлива.

Тоа има последици што се многу пошироки од безбедноста на еден новинар.

Нападот врз новинар поради неговата работа е напад врз правото на целото општество да биде информирано. Заканата кон колумнист поради неговиот став е обид да се заплашат и сите други што би сакале јавно да проговорат.

Целта на ваквиот терор во јавниот простор не е само жртвата да се исплаши. Целта е и другите да замолчат.

Институциите мора да покажат дека државата функционира

ЦИВИЛ бара од МВР и Јавното обвинителство да постапат брзо, професионално и транспарентно во случајот со заканите кон Ерол Ризаов.

Неопходно е да се идентификуваат сторителите, да се утврди одговорноста и, доколку постојат законски основи, да бидат преземени соодветни постапки.

Истовремено, институциите мора да покажат дека имаат системски одговор за заканите кон новинарите и другите учесници во јавниот живот, а не само повремени реакции откако поединечен случај ќе предизвика јавен притисок.

Слободата на говор не го опфаќа правото да се заканувате дека некого ќе убиете. Политичкото несогласување не дава право на повик за физичка пресметка. А демократијата не може да функционира во општество во кое новинарите и критичките гласови треба да се прашуваат дали следната закана ќе остане на социјалните мрежи или ќе се претвори во насилство.

ЦИВИЛ изразува солидарност со Ерол Ризаов и со сите новинари и јавни личности што се соочуваат со закани поради својата работа и своите ставови.

Доколку надлежните институции и овојпат не обезбедат брза и ефикасна разрешница, ЦИВИЛ смета дека е неопходно за ваквите случаи да бидат информирани и меѓународните организации, дипломатските претставништва и институциите што ја следат состојбата со слободата на медиумите и човековите права во Северна Македонија. Кога домашниот систем не успева да обезбеди заштита на новинарите и одговорност за заканите, меѓународното внимание и притисок стануваат легитимна и неопходна форма на заштита на демократскиот простор.

Не може од новинарите и јавните личности бесконечно да се очекува да ги пријавуваат заканите, додека институциите ги оставаат без ефективна заштита и без одговорност за сторителите. Културата на неказнивост мора да престане.

ЦИВИЛ – Центар за слобода
Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ