• Latest

Бислимоски: Во текот на наредната недела ќе има поконкретни информации за цената на струјата по 1 јули

June 17, 2024

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Во текот на наредната недела ќе има поконкретни информации за цената на струјата по 1 јули

June 17, 2024 15:32
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поконкретни информации за новата цена на електричната енергија што треба да важи од 1 јули годинава ќе имаме во текот на наредната недела по завршувањето на тендерот на ЕВН хоум за набавка на електрична енергија. Досега сме имале многу потешки периоди и никогаш не сме дозволиле да има сериозна промена на цената на струјата и секогаш сме воделе сметка да го сочуваме стандардот на граѓаните и сега ќе се водиме исклучиво од нивните потреби, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Нагласи дека поконкретни информации за цената ќе има во текот на наредната недела откако РКЕ ќе ги има на располагање сите потребни параметри. На цената, посочи, ќе влијае и профитната маржа, која од 1 јули ќе биде 9,9 наместо досегашните 11,5 проценти. Нова цена на струјата, како што кажа, се носи сега, а не во декември заради тоа што на стариот универзален снабдувач му истекува лиценцата на 30 јуни. Во текот на следната година, додаде, не би требало да носиме одлука за цена во јуни, туку само во декември која ќе важи за цела 2026 година.

-РКЕ никогаш до сега не дозволи да има ценовни шокови, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање за да нема ценовен шок. Треба да почекаме да заврши тендерот за набавка на електрична енергија на 21 јуни и ЕВН хоум да ги достави пресметките за цената на електричната енергија на контрола во РКЕ за да видиме колкава ќе биде цената. Правиме напори и анализи да бидеме прва земја во Европа која ќе има три часа евтина тарифа во текот на денот. Нема да ја воведеме од 1 јули, туку некаде во ноември, декември или јануари идната година. Тоа ќе зависи од анализите, изјави Бислимоски, пренесува новинската агенција МИА.

Владата, како што кажа, веќе донесе одлука со која цената на електричната енергија што ЕСМ ќе му ја понуди на универзалниот снабдувач по 1 јули е 60 евра за мегават час. Исто така, ЕСМ нема да понуди 100 проценти од потребите на малите потрошувачи и домаќинствата кои се на регулираниот пазар, туку само 85 проценти.

-Оваа цена од 60 евра за мегават час на некој начин е изненадување и за мене, бидејќи во услови на криза нудеа пониска, но на некој начин може да ја изменаџираме. Мене ме загрижуваат 15-те проценти кои треба да ги набавува ЕВН хоум на слободниот пазар. На фјучерсите што ги гледаме во текот на денот цената се движи од 90 до 100 евра и е повисоко од тоа што го дава ЕСМ. Како и досега, и сега ќе ги искористиме сите механизми за да не предизвикаме ценовни шокови за граѓаните, истакна Бислимоски.

До 2019 година кога РКЕ ја одредуваше цената по која ЕСМ ја нудеше на регулираниот пазар, додаде, никогаш не беше повисока од 45 евра за мегават час и со таа цена им се обезбедуваа приходи од 15 милиони евра.

Порача дека цената на лебот не е поврзана со цената на електричната енергија на регулираниот пазар и додаде дека најголемите производители на леб во државата своите потреби за електрична енергија ги обезбедуваат на слободниот  пазар. Тоа, како што кажа, се околу 95 отсто од компаниите кои произведуваат леб.

-Во изминатиот период цените на електрична енергија на слободниот пазар се далеку пониски отколку што беа во 2023, 2022, и 2021 година. Затоа не држи било каква шпекулација дека промената на цената по која ќе ги снабдува универзалниот снабдувач малите потрошувачи ќе влијае на дополнително поскапување на лебот. Тоа е тотално неточно и претставува највулгарна шпекулација, рече Бислимоски.

Истакна дека во изминатиот период имаше денови кога цената на слободниот пазар на електрична енергија имаше негативна вредност или блиску до 0 и дека просечните цени се од 50 до 80 проценти пониски отколку во изминатите неколку години.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БислимоскиРКЕструја
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ