• Latest
Скриншот, фрагмент од насловната страница на публикацијата „Чад на хоризонтот“

Истражување на ГИ-ТОК: Трендови во трговијата со оружје од конфликтот во Украина

June 18, 2024
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Истражување на ГИ-ТОК: Трендови во трговијата со оружје од конфликтот во Украина

June 18, 2024 13:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Скриншот, фрагмент од насловната страница на публикацијата „Чад на хоризонтот“

Скриншот, фрагмент од насловната страница на публикацијата „Чад на хоризонтот“

Share on FacebookShare on Twitter

Приливот на оружје во Украина по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, додаден на веќе голем арсенал со оружје во земјата (особено од избувнувањето на конфликтот во 2014 година), ја зголеми загриженоста за ширењето на ова оружје во рацете на криминалците понатаму во Западна Европа и можниот ефект врз организираните криминални активности, се наведува во статија за извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

Со цел да се обезбеди увид во ова прашање, во 2023 година Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC) воспостави програма за следење на оружјето („Монитор“) за следење на протокот на оружје надвор од Украина и во Европа.

Главна цел на проектот беше собирање на цените на црниот пазар за оружје , и во Украина, и во Европа, под претпоставка дека споредбата на цените во различни земји и анализата на промените во тие цени, ќе помогне да се расветли природата на понудата и побарувачката на национално и транснационално ниво. Овие податоци се добиени од контакти со подземјето и од органите за спроведување на законот во различни земји.

скриншот / ГИ: Приближен опсег на цени на АК-47 во Европа, по единица, собрани од Монитор во 2023 и 2024 година. Цените се стандардизирани на американски долари за полесно да се споредуваат (бидејќи цените за АК во Украина често се даваат во долари). АК-47 е корисен показател за динамиката на пазарот: распространетата достапност, леснотијата на користење и обилната понуда на муниција го направија сигурен инструмент во криминалните арсенали низ целиот континент

Квалитативните интервјуа со извори од подземјето, органите на прогонот, новинари, активисти и други помогнаа да се разјасни сликата за податоците во однос на побарувачката за оружје кај криминалците, апетитот за ризик и потенцијалните двигатели и бариери. Дополнително, Монитор собираше информации за заплени и официјални извештаи за огнено оружје и нарача истражување на пазарите на „дарк“ веб-страниците.

И Украина и западните партнери на Украина беа свесни за политичките и криминалните ризици од пренасочување на оружјето и поставија строги механизми за надзор за следење на испораката на оружје.

Според Вадим Џубински, шеф на криминалистичката истрага во украинската национална полиција, сите изгубени и украдени оружја, кои моментално брои 593.000, се евидентирани, нумерирани, а украинските европски партнери знаат за ова оружје.

“Ако такво оружје се појави во која било земја во Европа или светот, веднаш ќе сфатиме дека тоа е вметнат и лажен наратив, дека е дело на руските специјални служби за дезинформации и наративи за Украина“, вели Џубински.

Украинските војници интервјуирани во февруари 2024 година зборуваа за строги стандарди за оружјето, и за време и на крајот на нивната служба. Но, во оваа нервозна клима, сите официјални недостатоци беа строго разгледани.

Иако не се директно поврзани со пренасочување на оружје, корупциските скандали околу воените набавки во Украина предизвикаа загриженост за одговорноста на материјалот во војната. Анализирањето на вистинскиот ризик стана суштинско за да се продлабочи дискусијата надвор од насловите.

Овој извештај ја сумира првата година од работата на Монитор, опфаќајќи ги 2023 и почетокот на 2024 година. Неговиот суштински наод е дека изобилството на нелегално оружје досега беше ограничено на Украина и дека нема потврден инцидент на организирана трговија со оружје од Украина до земјите од ЕУ.

Овој извештај беше изготвен од Опсерваторијата на нелегални пазари и конфликтот во Украина при Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC), со придонес од мрежата консултанти и истражувачи, вклучувајќи ги Фредерик Штајб-Вебер, Јуси Саринен и Фредерик Крота. Издавачот им се заблагодари на Крис Монтеиро и неговиот анонимен коавтор за нивната фасцинантна длабинска истрага за трговијата со оружје на дарк веб.

Во работата на овој проект учествува и македонскиот новинар Александар Србиновски при Опсерваторијата на нелегални економии при GI-TOC во Југоисточна Европа за неговата извонредна анализа на цените на црниот пазар и трендовите во врска со нелегалното оружје во Западен Балкан.

Д. Тахири


ЛИНК до публикацијата

Tags: GI-TOCГлобална иницијатива против транснационалниот организиран криминалнелегална трговијаорганизиран криминалоружје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ