Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во оствари средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду и одбранбеното аташе полковникот Константинос Самарас.
Во краткото соопштение од Министерството се вели дека на средбата министерот Мисајловски истакна дека ќе се заложи на интензивирање на билатерална одбранбена соработка со Грција како наш НАТО сојузник и сосед со кој имаме заедничка визија за мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата.












