Во израелските напади низ Газа загинаа најмалку 40 луѓе во изминатиот ден, соопшти Министерството за здравство на опколената и бомбардирана територија, извести АлЏазира.
Палестинците се принудени повторно да побегнат од делови на градот Газа, откако израелската армија издаде нови наредби за евакуација. Преговорите за примирје со посредство се очекува да продолжат во Египет и Катар оваа недела.
Најмалку 38.193 луѓе се убиени и 87.903 ранети во израелската војна против Газа од 7 октомври. Бројот на загинати во Израел од нападите предводени од Хамас се проценува на 1.139, а десетици луѓе се уште се држат во заробеништво во Газа.
Д. Т.












