• Latest

Амбасадорот Гир: Време е за акција, да ја зачуваме Преспа

July 12, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Амбасадорот Гир: Време е за акција, да ја зачуваме Преспа

Се надевам дека ќе го запреме бегањето на младите и ќе рбаотиме исцрпно да ја интегрираме Македонија во Европа, а не граѓаните во Европа, истакна Меџити.

July 12, 2024 15:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Подобро собирање и третирање на отпадните води, менаџирање на цврстиот отпад, отворање на граничниот премин „Маркова нога“, се само дел од активностите што ќе се реализираат во Преспанскиот регион во рамките на проектот „ЕУ4Преспа“ финасиран од Европската унија и УНДП.

Проектот, како што истакна на денешната промоција во Ресен, евроамбасадорт Дејвид Гир, а на
која присуствуваа и претставник на УНДП, Армен Григориан, градоначалникот Јован Тозиевски,
првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и
министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, вклучува и поддршка за локалните невлаидни
организации и институциите, со цел да се заштити природното и културното наследство на Преспа.

– Комбинација на ефекти од глобалното затоплување и човечката активност има драматичен удел
врз нивото на водата на Преспанското Езеро, а следствено на тоа и на опкружувањето кое живее
тука. Време е за акција да се обидеме да го свртиме овој тренд. Сите чинители во Северна
Македонија, Албанија и Грција, националните и локалните власти, граѓанското опоштество,
бизнис заедницата и меѓународната заедница треба заедно да работат да ја постигнат истата цел,
а тоа е зачувување на ова извонредно место и зачувување на егзистенцијата на луѓето што живеат
тука, рече Гир.

Со спроведување на активностите, нагласи, ќе се изгради одржлива иднина за Преспа

– Успехот зависи од силната политичка посветеност од централната и локалната власт вклучувајќи
инвестиции и од државниот буџет. Крајно време е да се заживее ова, истакна Гир, повикувајќи ги
сите релевантни партнери да се ангажираат во интерес на целиот Преспански регион.

Вкупната вредноста на програмата е 21,5 милиони евра, од кои 18 милиони евра, се обезбедени
од Европската Унија, кои, според Гир, ќе овозможат зазеленување на бизнисите на локалните
змејоделци и туристичките провајдери и да ги креираат своите работни места.

Преспанското Езеро, како што нагласи претставникот на УНДП, Армен Григориан, е дом на над
2.000 различни видови кои се под закана поради сите негативни влијанија, затоа се потребни
големи напори да се заштити езерото.

– Се надвеаме како дел од проектот дека ќе успееме да го возобновивме и зачуваме
биодиверзитетот на едно од најстарите слоатководни езера во светот, кое е во опасност поради
негативните влијанија, неодржливите земјоделски практики, климатксите промени, загадувањето
и испуштањето на отпад и нетретиран отпад, рече Григориан.

Реализацијата на предвидените активности, како што посочи, ќе ја зајакнат заштитата на
биоразновидноста во Преспанското Езеро и ќе ги унапредат заложбите за одржливо земјоделство
и туризам истовремено работејќи на поголеми инфраструктурни интервенции во однос на
отпадните води и управувањето со отпадот.

Проектот ЕУ за Преспа ќе се спроведе во партнерство со министерствата за животна средина и
просторно планирање, земјоделство, шумарство и водостопанство и за европски прашања на
Северна Македонија, како и локалната самоуправа во Ресен.

– Единствено заеднички можеме да ги оствариме најдобрите можни исходи и долгорочни добри
резултати во однос на екологијата и економијата. Проектот ќе помогне заедно да се справиме со
загадувањето на водата и почвата, а ќе се зголеми и заштитата на сите видови кои се во опасност
во Преспанското Езеро, подвлече Григориан.

Посочи дека ќе се работи и на промоција на одржлив туризам обезбедувајќи директна
финансиска поддршка за проекти за зголемување или подобрување на капацитетите за
сместување, набљудувње на птици, и различни прошетки низ регионот, изгрдба на патишта и
велосипедси патеки за да може да се ужива во убавините на Преспа, во нејзината богата култура и
историја истовремено одржувајќи постојан фокус на заштитата на животната средина

За првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Меџити
реализацијата на активностите од проектот, кој забележа дека е колку четири годишни буџети на
Општина Ресен, ќе придонесат за подобрување на туризмот и земјодлестото во Преспа, кои, како
што нагласи, се двата главни столба.

– Се надевам дека ќе го запреме бегањето на младите и ќе рбаотиме исцрпно да ја интегрираме
Македонија во Европа, а не граѓаните во Европа, истакна Меџити.

Министерот за земјоделство Трипуновски појасни дека во делот на производството на јаболка ќе
се применуваат добри земјоделски практики и имплементација на агроеколошки мерки, ќе се
направи надградба на системот за ранопредупредување за заштита на растенијата и оптимизација
на наводнувањето, со цел рентабилно земјоделско производство, како и воведување органско
производство со цел конкурентност на пазарите.

– Убеден сум дека заедно со градоначалникот ќе ја постигнеме целта Преспа да биде повторно
одржлива и земјоделците од регионот повторно да имаат одржлив равој и просперитет во
наредниот период, рече Трифуновски.

Градоначалникот Тозиевски изрази благодарност што денеска може да се видат првите плодови
од проектот „ЕУ за Преспа“, кој е еден од најзначајните за равзој на регионот Преспа.

– Очекуваме во наредниот период заеднички со надлежните министерства УНДП и ЕУ да ги
реализираме и останате компоненти од проиграмата „ЕУ за Преспа“. Да ја вратиме Преспа како
најголем бисер во нашата држава, а бенефитот пред се да биде најголем за граѓаните на Преспа,
но и за сите жители на Македонија и регионот, истакна Тозиевски.

Преспанскиот регион веќе е корисник на програмата „ЕУ4Преспа“ преку четири грантови доделени
на локални граѓански организации и два договори за придонес потпишани со УНДП.
Дополнително, 7,7 милиони евра финансиски средства од ЕУ во рамките на програмата за
прекугранична соработка меѓу Грција и Северна Македонија се на располагање за повторно
отворање на граничниот премин „Маркова нога“.

Фото: МИА архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ