• Latest
Фото: МИА Архива

Изгласани заклучоците по извештајот за работата на ДКСК: Позитивна оценка за активностите на Комисијата

July 12, 2024

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изгласани заклучоците по извештајот за работата на ДКСК: Позитивна оценка за активностите на Комисијата

July 12, 2024 20:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска за време на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со осум гласа „за“ ги усвоија заклучоците по годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за 2023 година.

По расправата што се одржуваше два дена, Собранието констатираше дека ДКСК постапува по предмети оформени по пријави и сопствени иницијативи поврзани со сомнежи за коруптивно однесување, судир на интереси, спречување корупција во политиката, непријавување на имот, проверка на изјавите за имотна состојба на интереси, со што во рамките на своите расположливи капацитети настојува да ја исполни својата обврска за воспоставување на функционален и ефикасен систем за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси.

Собранието дава позитивна оценка за активностите на ДКСК и го истакнува напорот и посветеноста на Комисијата во борба против корупцијата и заштита на интегритетот во јавниот сектор.

Со оглед на тоа што ДКСК констатирала одредени состојби каде од страна на одредени институции не се врши редоно ажурирање на регистарот за избрани и именувани лица, Собранието дава поддршка за навремено и точно ажурирање на податоците на регистарот на избрани и именувани лица од страна на органите.

Како што се вели во заклучоците што денеска ги прочита претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, Собранието ја поддржува и ќе се залага за унапредување, обука и подигнување на свеста за корупција и судирот на интереси во јавните инситуции, вклучувајќи ги образовните установи и јавната администрација.

-Собранието дава поддршка за мерки за зголемување на транспарентноста и одговорноста во јавниот сектор, вклучувајќи ја дигитализацијата на процесите, посочи Пренџов.

Како што додаде, Собранието констатира оти е неопходно зголемување на кадровската екипираност на ДКДК, со цел подобрување на нивната оперативна ефикасност и способност за спроведување на задачите и дава поддршка за иницијативата за зголемување на кадровските капацитети на ДКСК, преку доделување на дополнителни работни места, како и евентуални инвестиции во инфраструктурните капацитети на ДКСК.

Пренџов напомена дека овие заклучоци заедно со Извештајот на ДКСК ќе се достават до Владата и до ресорното Министерство за финансии.

Претходно, за време на расправата по Извештајот на ДКСК, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека Извештајот прави реална или дава реална слика, скрининг на состојбите во државата.

-Ова е првпат Комисијата навремено да достави извештај и да закаже седница вклучително и извештај за работата на ДКСК. Ако нешто разбравме изминативе седум години е дека присуството на висока корупција, присуството на корупцијата во институциите во секој сегмент доведе до тоа Македонија да биде четврта најсиромашна земја во Европа, да биде на сите извештаи прва за високиот степен на корупција, да уназадува во економскиот развој, рече Петрушевска.

Во однос на самата работа на ДКСК, Петрушевска напомена оти тие успеале и покрај сите притисоци да останат независни и професионални, и покрај тоа што биле предмет на политички напади од највисокото ниво во извршната власт.

Како што додаде, признанието за ова дојде токму од Извештајот на Европската Комисија.

-Успеавте да останете независно и проактивно тело во борбата против корупцијата. Европската Комисија жали што вашите предмети не се процесуирани понатаму од страна на органите, рече Петрушевска.

Според пратеничката, суштински проблем имаме во правосудните органи и во јавните обвинителства, како едни од најслабите алки во борбата против корупцијата. Предметите, како што рече, мора понатаму да се процесуираат.

Пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ на расправата рече дека се поразителни  наодите нотирани во овој Извештај.

-Мислам дека сите се согласивме. Можеме да заклучиме дека во Македонија не функционира системот за спречување и заштита од корупција. Сепак, тоа не значи дека претходниот состав на Комисијата не си ги извршиле задачите. Напротив, затоа и во извештаите на Европската Комисија, ДКСК беше нотирана како една од ретките тела што се обидува да се фати во борба со ова зло, што го одрива целиот институционален систем во државата, рече Бендевска.

Пратеникот Душко Иванов напомена оти се надева дека Извештај за 2024 година ќе биде Извештај во кој препораките на ДКСК ќе бидат земени во предвид од надлежните институции.

Tags: ДКСКСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ