• Latest

Истражување на институтот Макс-Планк: Во Србија се спроведува етничко чистење на Албанците, со административни методи преку „пасивизација“ на адреси

July 15, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување на институтот Макс-Планк: Во Србија се спроведува етничко чистење на Албанците, со административни методи преку „пасивизација“ на адреси

July 15, 2024 15:15
in АНАЛИЗИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанското малцинство на југот на Србија е под притисок. Властите во Србија ги бришат Албанците кои се во странство од матичните книги на населението, така што илјадници од нив остануваат без државјанство, вели истражувачката Флора Ферати-Заксенмаер од Универзитетот во Гетинген, која истакна дека темата ја открила сосема случајно, во 2016 година, кога престојувала во Медвеѓа за друг проект.

„Секој втор Албанец со кој зборував ми велеше дека ги отпишуваат“, се сеќава Ферати , во статија за ДВ на албански јазик.

Пасивирањето на адресите е една од дискриминаторските мерки на Србија кон Албанците: „Не ни е дозволено да се интегрираме во јавниот живот, честопати инвеститорите се спречени дури и да инвестираат во Прешево“ , вели Шаип Камбери, единствениот пратеник Албанец , во српското Собрание.

Пречка за Албанците е сè поголемата милитаризација на областа. Србија постави 48 воени бази на границата со Косово, од кои повеќето се во регионот на Прешево.

Сведоштво

Кога Сафет Демири, во август 2019 година, сакал да ја обнови регистрацијата на своите деловни автомобили, му било кажано: „Веќе не си во адресниот регистар“. Демири е роден во Медвеѓа (Србија) и неговото семејство живее таму веќе 200 години, меѓу кои и туристички хотел и телекомуникациска компанија фирма. Од 2019 година му е ускратено правото на адреса во Медвеѓа.

Српските власти ова отпишување го нарекуваат „пасивизација“.

„Доколку утврдат дека некој повеќе не живее на пријавената адреса, лицето се брише од адресниот регистар“, објаснува Ферати.

Бришењето има сериозни последици за засегнатите. Тие немаат пристап до јавни услуги, не можат да добијат пасош, ниту да добиваат здравствени услуги.

Со „пасивизација“ до намалување на бројките

Целта е да се намали бројот на Албанците во Јужна Србија. Бројките од студијата на Макс-Планк зборуваат сами за себе, вели Ферати Заксенмаер.

„Додека во Прешевската долина бројот на пасивизирани адреси опфаќа речиси 10 проценти од населението, во другите делови на Србија бројот на пасивизации влијае на многу помалку од еден процент од жителите на општините“, вели Ферати Заксенмаер.

Етничко чистење со административни методи

Хелсиншкиот комитет за човекови права го нарече пасивност на адресите „етничко чистење со административни методи“. Речиси 60.000 Албанци живеат во Прешевската Котлина, која ги опфаќа општините Медвеѓа, Прешево и Бујановац.

Иако тие го сочинуваат мнозинството од населението во тие општини,  и Србија ги потпиша конвенциите на Советот на Европа за националните малцинства, Албанците се систематски маргинализирани, вели Шаип Камбери, единствениот пратеник Албанец  во српскиот парламент. Дури и како кандидат за ЕУ, Србија вети дека ќе ја подобри состојбата на албанското малцинство во јавните институции.

Сензибилизирање на прашањето кај меѓународната заедница 

Томас Хакер од либералната партија ФДП за ДВ вели дека прашањето за албанското малцинство во Србија заслужува поголемо меѓународно внимание.

„Фокусот во моментов е на дијалогот Приштина-Белград, други подеднакво важни теми за жал се во сенка. Процесот на пасивација изгледа како процес на бавно отстранување на правата. Дури и германското Министерство за надворешни работи апелираше до сите одговорни да постапат согласно своите обврски и да се однесуваат потранспарентно и по фер.

Српската влада во минатото ги отфрлаше обвинувањата дека пасивноста е мерка за дискриминација на Албанците, се вели во изјавата на тогашниот министер за локална самоуправа Александар Мартиновиќ, во декември 2023 година. Од ДВ посочуваат дека побарале  изјава од сегашното Министерството за внатрешни работи на Србија, но засега нема одговор.

Подготви: Д. Тахири

Tags: АлбанциМедвеѓепрешевска долинаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ