• Latest
Фото: Х

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за смртоносниот напад со дрон врз Тел Авив

July 19, 2024
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за смртоносниот напад со дрон врз Тел Авив

July 19, 2024 19:05
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Јеменските бунтовници Хути во петокот ја презедоа одговорноста за смртоносната експлозија на беспилотно летало во Тел Авив, последниот напад на иранската прокси група во, како што велат, одговор на израелската војна против Хамас во Газа.

Според израелските службеници за вонредни состојби и полицијата, во експлозијата во централниот кварт каде што се наоѓаат голем број дипломатски мисии, вклучително и подружница на Амбасадата на САД, загинал 50-годишен маж, а повредени се најмалку 10 други.

Портпаролот на Хутите, Јахја Саре, рече дека „значајната воена операција“ била успешно спроведена со нов дрон способен „да ги заобиколи системите за пресретнување на непријателот“.

„Ќе продолжиме да ги напаѓаме овие цели како одговор на непријателските масакри и секојдневните злосторства врз нашите браќа во Појасот Газа“, рече Саре. „Нашите операции ќе престанат само кога ќе престане агресијата и ќе се укине опсадата на палестинскиот народ во Појасот Газа.

Ова е првпат Тел Авив, трговскиот центар на Израел, да биде погоден од беспилотно летало во напад за кој одговорноста ја преземаат Хутите. Јеменските бунтовници редовно го гаѓаа Израел со дронови и проектили од почетокот на војната на земјата со Хамас, од кои повеќето беа пресретнати од одбраната на Израел.

На телевизиски брифинг во петокот, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари рече дека војската се сомнева дека дронот е модел Самад-3 од Иран, лансиран од Јемен, кој бил надграден за да го прошири својот дострел.

Тој рече дека уште еден дрон бил пресретнат надвор од израелската територија на исток истовремено со нападот, додавајќи дека Израел сега ја унапредува својата воздушна одбрана и ги зголемува воздушните патроли на своите граници.
Израелски воен претставник изјави дека дронот бил откриен од израелски систем за воздушна одбрана, но не бил пресретнат поради „човечка грешка“. Беше вооружен со боева глава и удри во станбена зграда, додаде официјалниот претставник, без да даде дополнителни детали за носивоста на уредот.

Официјалниот претставник не даде детали за тоа што е човечката грешка, но истакна дека израелските воздушни одбранбени системи не секогаш работат автономно.

Одбранбениот систем Iron Dome, на пример, може да работи во рачен режим, каде што неговиот радар ги детектира и следи дојдовните закани, но му треба влез од оператор пред да лансира проектил пресретнувач.

Војската не верува дека дополнителни закани се неизбежни, рече претставникот.

Според првичната истрага „не биле активирани сирени“ за време на инцидентот, соопшти претходно ИД.

Подготви: Д. Мишев

Tags: ИзраелЈемендки Хутинапад со фрон врз Тел Авив
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ