• Latest

Коалициските партнери во власта ЗНАМ и ВРЕДИ повторно во клинч, овојпат за балансерот

July 30, 2024

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалициските партнери во власта ЗНАМ и ВРЕДИ повторно во клинч, овојпат за балансерот

July 30, 2024 15:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ. Дневна политика од балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои мислат дека нивната антиалбанска доктрина ќе ги направи голема партија. Ова е денешната реакција на коалицијата „Вреди“, составена од повеќе партии на Албанците, која е дел од владиниот состав заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев од редовите на партијата на Максим Димитриевски дека темата за балансерот е завршена, архивирана и дека веќе се спроведува.

Немам намера да провоцирам ниту еден од нашите коалициони партнери. Ќе повторам, исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на коишто е договорена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработени во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните кои живеат на територија на Република Македонија, а тоа е резидентното население согласно податоците од последниот попис. Се надевам дека колегите од Вреди ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно политички теми, изјави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

На прес-конферениција, Минчев одговарајќи на новинарски прашања повтори дека пресметката во балансерот, односно правичната застапеност на етничките заедници во јавната администрација, се однесува исклучиво на резидентното население, односно на сите жители кои живеат на територијата на државата.

– Таа тема е завршена и архивирана. Не постои ништо што е намерно. Или ќе се почитува законот или нема да се почитува. Како министер сум должен да го почитувам законот и тоа ќе го правам се додека сум министер до последната запирка. Стриктно е наведен членот ако мислите за пресметката во балансерот дека се однесува исклучиво на резидентното население, односно на територијата на Република Македонија. Тоа значи дека сите жители коишто живеат на територијата на Република Македонија ќе бидат во пресметката на т.н. балансер, односно во формулата за пресметка. Таа тема е завршена и архивирана и се спроведува, изјави Минчев на новинарско прашање.

Од Вреди сметаат дека балансерот е нефункционално решение кое стана предмет за злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавна администрација се пишуваат Албанци.

„Минчев и Димитриевски сè уште живеат во сопствените заблуди. Не живееме во 1997 година ниту, пак, тие се клучен фактор во Владата. Напротив. Наместо да пукаат со ќор-фишеци, треба да го научат ставот на ‘Вреди‘. Сметаме дека балансерот е нефункционално решение кое стана предмет за злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавна администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност“, се вели во реакцијата од „Вреди“.

Претходно лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски истакна дека ќе излезе од власта доколку министрите Албанци од ВРЕДИ имаат албанско знаме во нивните кабинети.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ