• Latest

Премиерот Мицкоски се слика селфи; во државата беснеат пожари на отворено; Министерката за финансии најави оставка ако ѝ се намали 78% зголемената плата

August 2, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски се слика селфи; во државата беснеат пожари на отворено; Министерката за финансии најави оставка ако ѝ се намали 78% зголемената плата

August 2, 2024 12:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски вчера (1.08.2024 година) на својот фејсбук профил сподели објава со повеќе фотографии. На една од нив премиерот видно задоволен, прави селфи фотографија со свои обожавателки.

Мицкоски. Фото од официјалниот фејсбук профил на Мицкоски 1.8.2024 година

„Во пресрет на најголемиот национален празник Илинден, Денот на Републиката! Нека овој ден ни биде потсетник за храброста и слободољубивиот дух на нашите предци“, нагласува премиерот Мицкоски во објавата.

Македонија гори, На помош се очекуваат уште шест хеликоптери и четири ер трактори кои се дел од Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Во меѓувреме, власта вели дека добро се справува со пожарите, додека, опозицијата обвинува за колапс.  На територијата на државава во текот на вчерашниот ден имало 20 пожари на отворено, соопштија од ЦУК.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ја оценува ситуацијата како сериозна. Преку видео изјава соопшти дека еден од најтешките пожари за гаснење е пожарот кој се движи на граница помеѓу Светиниколско и Пробиштипско, односно во селото Орел.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели – Ако ги намалат функционерските 78% плати, дека ќе си замине од позицијата министер.

На новинарско прашање дали ќе се намалат функционерските плати откако тие минатата година по одлука на Уставниот суд се зголемија за 78% одговорила дека решението не е во намалувањето, оти, како што рекла „додека министрите работат многу и напорно, други се одмараат на викенди и празници“, притоа додавајќи дека доколку се планира платите да се намалат, таа ќе замине од позицијата.

Ј. Ѓорѓиоски/ Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Tags: пожариПремиерот Христијан Мицкоскиселфи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result