• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Даравелите на Дачиќ

August 18, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Даравелите на Дачиќ

По трагите на едно неекстрадирање

August 18, 2024 11:35
in ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ завчера побара објаснување од македонските власти за бегството на Рамадани од домашен притвор, истакнувајќи дека неговото бегство, со кое се оневозможува неговата екстрадиција во Србија, е скандалозно.

Не е дека не е, но…има едно но, кога тоа го кажува министер во Владата на Србија, во случајов Ивица Дачиќ.

Станува збор за припадник на терористичката ОВК којшто извршил злосторства врз Србите во Косово, и кого Србија го бара со потерница, со цел да го изведе пред суд. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој, којшто е уапсен по наша, меѓународно важечка потерница да побегне од домашен притвор. Или за албанските терористи и воени злосторници не важи меѓународната правда, кога убиваат Срби се им е дозволено и простено, рече Дачиќ.

Остриот тон и недипломатски речник не се непознати во обраќањето на Дачиќ кон македонските колеги.  Шефот на српската дипломатија, во зависност од неговите потребите и расположение, во својот вокабулар при обраќањето кон македонските власти и држава, доста често користи дијапазон на изјави кој се протега од „ние сме браќа“, преку повремено „пецкање“ и  „боцкање„ до нималку наивни критики и мешање во внатрешните работи на земјава,

Така, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, во една пригода при неговата посета на Грција, на прес-конференцијата со Никос Коѕијас изјави дека е грешка што Србија ја признала Македонија под уставното име.

Исто така, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ упати критики и поплаки за работата на  службите во Македонското МНР, изјавувајќи денеска на Македонија и пречат српските разузнавачи, но не и американските, германските и француските во изјава која ја даде откако македонското Министерство за надворешни работи ја повика на разговор српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ, со цел да го објасни присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Абасада во Скопје и вработен во Безбедносно-информативната агенција (БИА), во Парламентот на Македонија на 27 април, кога во зградата упаднаа демонстранти.

Дачиќ предходно го критикуваше и неговиот поранешен македонски колега и председавач со ОБСЕ, Бујар Османи, откако тој објави дека Северна Македонија е коспонзор на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, повторувајќи ја мантрата дека и тоа е насочено против Србија.

До последнава изјава во која се стави во улага на обвинител и судија, изрекувајќи пресуда без судење и инсинуирајќи дека законите кај нас не важат еднакво за сите, очигледно нервозен поради пропаднатата нарачка која,во текот на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули, ја побара од нашите надлежни органи да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија.

И Власта и опозицијата, зафатени со меѓусебни обвинувања за бегството на Рамадани, не најдоа за потребно да му укажат на Дачиќ на неговото непримерно однесување и недипломатски речник, но и да го потсетат дека со двојни аршини не се гради доверба и добрососедство. Особено не при постапките за екстрадиција

Ивица дачиќ изгледа заборавил, или барем така се однесуваше, а македонските домаќини не го потсетија на времето кога Србија беше глува и ги заобиколуваше договорите за екстрадиција кога од неа тоа го побара македонската страна за екстрадиција на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, осуден по неколку основи во земјава., Така, Даравелски долг период беше оставен  да живее комотен живот во Белград, иако за него имаше распишано меѓународна потерница и екстрадицијата беше побарана врз основа на барање од страна од Интерпол.

Тогаш Министерството за правда на Србија со македонските колегите си играше топло-ладно, за во еден момент да го прифати барањето и да издаде решение за Даравелски да биде екстрадиран, за подоцна да се премисли и да испрати допис дека српското Министерство   правда го повлекло решението за екстрадиција“.  Во таквата игра, на даравелски му застаре делото и тој сега е ослободен од издржување казна.

Или да ја парафразирам изјавата на Дачиќ во еден малку поинаков контекст на тогашните случувања и гледано од еден поинаков (појужен) агол:

Станува збор за припадник на криминално здружение , поранешна влада на Република македонија, којшто извршил злосторства врз буџетот и граѓаните на Македонија, и кого Македонија го бара со потерница, со цел да го изведе пред суд. Бараме објаснување од државните органи на Србија, како е можно некој, којшто е уапсен по наша, меѓународно важечка потерница слободно да живее и да се шета низ Белград. Или за македонските криминалци  не важи меѓународната правда, и кога крадат од Македонија се им е дозволено и простено?

Што ќе каже на ова господинот, другарот, или братот Дачиќ? Сега секој ќе си срка тоа што си надробил.


Текстот е личен став на авторот

Tags: Драган ДаравелскиекстрадицијаИвица ДачиќСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ