• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Министерката Весна Јаневска контра опозиционерката Весна Јаневска, Јаким Неделковски во глувчешка дупка

August 23, 2024

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Министерката Весна Јаневска контра опозиционерката Весна Јаневска, Јаким Неделковски во глувчешка дупка

August 23, 2024 14:38
in ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ноншалантно изјави дека не се планира зголемување на платите на наставниците оваа година. Таа, сега од позиција на министерка за образование и наука, без око да и трепне, ќе изјави: Да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба, да придонесат за знаењето на учениците, за напредокот на државата. А она што им следува секако ќе го добијат кога државата ќе може?

Кога државата ќе може? Кога? Откако прво ќе ги подмири трошоците за скапите патувања со бизнис класа на премиерот и свитата?  Или откако ќе ги подмират нереалните ветувања кон пензионерите? Или кога ќе завршат со ребаланс и релокација на средствата за покривање на катастрофалнто работење на Советот и градоначалничката на Град Скопје?

Повисоки плати за наставниците во основните и средните училишта ќе има во 2025…продолжува министерката бесрамно дезавуирајќи го проблемот со тривијални тврдења дека наставниците не биле депримирани само поради средствата со кои се покрива нивниот труд, замислете, имало и многу други елементи кои ги вознемируваат и прават незадоволни. Не, не се тоа средствата за егзистенција и валоризацијата на нивниот труд, туку сега, откако ВМРО – ДПМНЕ се на власт, одеднаш побитни станаа почитта од страна на родителите, почитта од страна на учениците, почитта од страна на општеството итн.

Така зборува Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Заборавила како зборуваше Весна Јаневска, опозиционерката пред 2 години.

Да ја потсетиме со еден принтскрин од нејзина објава на Фејсбум во 2022 година.

Амнезија ли е, склероза ли е во прашање, или селективна меморија, но тогаш на Јаневска малку и беа и 10%, и 15% покачување на платата, туку бараше итно покачување од 18% или ШТРАЈК. Не ја интересираше тогаш ниту напредокот на државата, ниту состојбата на буџетот во услови на светска криза.
И што се случи со хаштаговите: #НаставницитеИмаатКичма и #НаставницитеНеЈаВиткаатКичмата, м? Пукна кичмата кога гордо го уфрлија во избирачката кутија ливчето со заокружен број 2?
А кога веќе некој спомна штрајк, го видел некој деновиве претседателот на СОНК, Јаким Неделковски. Да, да, оној истиот Јаким кој додека сегашнава министерка беше опозиционерка, ревносни ги спроведуваше нејзините насоки, па нема, нема, ќе ги извадеше послушните наставници на штрајк, на штета на учениците, квалитетот на нивното образование и заканувајќи се на регуларноста на учебната година.
Сега само тивко, „да не таласа“ затскриен зад тастатурата, во објава на неговиот фејсбук-профил, Јаким  го информира членството на СОНК и останатата заинтересирана јавност дека содржината на изјавата на министерката Весна Јаневска не е договорена со СОНК и воедно го замолува членството на СОНК да не подлегнува на смислена провокација и обид за разбивање на единството во СОНК од поединци и групи, се со цел за нивно лично или колективно профитирање. Со други зборови, штрајк не доаѓа предвид, членството треба да остане мирно и летаргично до некоја повторна средба со надлежните во државата и решавање на настанатата ситуација.

Или додека неговата шефица, Весна Јанева не порача нешто друго. А ако се земе предвид изјавата на премиерот кој ги повика синдикатите да не бараат зголемување на платите, откако овие едвај се осмелија да се појават на прес конференција со своите барања, бидејќи така ќе наседнеле на политичка кампања на СДСМ, се чини дека Јаким уште долго ќе седи сокриен во глувчешка дупка.


Текстот е личен став на авторот

 

Tags: Весна ЈаневскаЈаким НеделковскиМОНСОНК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ