• Latest
Фото: Фејсбук

ДКСК отвори предмет за новоназначениот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Сашко Лафчиски

August 23, 2024
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК отвори предмет за новоназначениот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Сашко Лафчиски

August 23, 2024 17:57
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет во врска со назначувањето на новиот началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Сашко Лафчиски, изјавила за „360 степени“ претседателката на Комисијата Татјана Димитровска.

„Имаме отворено предмет и тој е распореден кај член. Стигната е претставка и отпочната е постапка за обезбедување документи за проверка на наводите“ни изјави Димитровска.

Имено, само неколку часа откако пред три дена Сашко Лафчиски и официјално стана началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Алијанса за Албанците го проблематизираше неговиот избор велејќи дека тој неправедно и незаконски го зазел местото што му припаѓало на Албанец.

Според потпретседателот на партијата Кренар Лога, Лафчиски не ги исполнува потребните услови за оваа позиција, односно бил четири нивоа под стандардите кои се бараат за шеф на Генералштабот.

„Еден од главните услови што Лафчиски не ги исполнува е возраста и стажот. Се бара шефот на Генералштабот да има најмалку 6 месеци искуство како командант на Оперативната Команда, а законската регулатива обврзува на чело на Генералштабот да се назначува само оној кој барем 6 месеци бил на чело на Оперативната Команда. Над сè, како бригаден генерал, Лафчиски нема четири години искуство како што бара законот за да може да биде именуван за генерал-мајор, што автоматски значи шеф на Генералштабот. На Лафчиски му е даден овој чин еден ден пред тој да биде декретиран од претседателката за шеф на Генералштабот. Неговото досие како воен службеник, доверливоста и угледот во армијата оставаат да се посака многу, во неофицијални околности се дознава дека досега не бил опремен ниту со потребниот НАТО сертификат“,информираше Лога.

М. Д.

Tags: ДКСКначалник на Генералштабот на АРМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ