• Latest
Фото: Центар за современи уметности

Герила акција против дезинформациите: На лагата ѝ расте носот

August 28, 2024

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Герила акција против дезинформациите: На лагата ѝ расте носот

August 28, 2024 15:31
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Центар за современи уметности

Фото: Центар за современи уметности

Share on FacebookShare on Twitter

Пешаците кои ќе ја поминуваат „Партизанска“ денеска ќе сретнат една герила уметничка инсталација. Станува збор за уметничко дело на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кое цели да ја истакне опасноста на дезинформациите, пренесува новинската агенција Мета.

„На лагата ѝ расте носот“ претставува просторна уметничка акција и интервенција преку која Јовановиќ ја третира темата на дезинформации кои се присутни насекаде околу нас и оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги спакувани во лажни вести на кои наседнуваат голем број граѓани, велат од Центарот за современи уметности.

Фото: Центар за современи уметности
Ова дело е едно од низата уметнички акции на групата урбани уметнички акции (урбана герила), преку кои македонски уметници активно се вклучуваат во борбата против лажните вести.

Според Јовановиќ, во турбулентните периоди низ кои поминуваме, во кои наместо вистината доминираат лаги и манипулации, а наместо доблестите доминираат лажни вредности, секој треба да го прави она што најдобро знае.

„Самата инсталација претставува ликовна комбинација на знакот за пристап до интернет мрежата, во која на едната страна е поставен ликовен приказ на човек кој работи на компјутер и креира лажни содржини кои потоа преку интернет ги шири во онлајн просторот. На другиот крај на композицијата знакот за интернет се трансформира во лик со голем нос, асоцирајќи на носот на Пинокио, односно ја потенцира опасноста од праксата на ширење на лажните вести во онлајн просторот“, велат од Центарот за современи уметности.

Дополнително, покрај уметничкото дело стои текст на кои се побиени митови за Европската Унија. На пример, честа дезинформација која се шири по социјалните мрежи е дека Европската Унија цели да го уништи суверенитетот на индивидуални земји, додека вистината е дека има механизми преку кои се одредува дали некоја одлука ќе биде спроведена на локално, државно или европско ниво.

Уметничкото дело е изработено во рамките на проектот „Дезинформации – креативно замаглување на умот“, што заеднички го спроведуваат Центар за современа уметноста, СКУП – Центар за истражувачко новинарство и Националното радио Канал 77. Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

Tags: борба со дезинформациигерила акција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ