Во врска со последните дезинформации што кружат во медиумите, сакам да нагласам дека министерот Николовски не изјавил дека проектот за автопатот Скопје-Блаце нема да заврши. Вистината е дека првиот сегмент од 2 километри веќе е завршен и се очекува да биде отворен за сообраќај во следните два месеца, вели заменик министер на Министерство за Транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.
За останатиот дел од автопатот, разгледуваме можност за повторен проект за да обезбедиме поодговарачко и поодржливо решение, дополнува Зеколи Шаќири во соопштение до јавноста.
Според неа, овој повторен проект е неопходен поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на Јавниот Патишта, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини.
Од 12-те километри планирани, 6 километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект изразито СКАП без јасни причини со проценета цена од околу 240 МИЛИОНИ ЕВРА за преостанатите 12 километри, односно околу 20 МИЛИОНИ ЕВРА по километар, што го прави овој проект еден од најскапите проекти по километар во регионот.
Заменик министерката додава дека , во моментов, како министерство, разгледуваат можности за алтернативна траса, која ќе поминува покрај постојната патека. Ова решение ќе обезбеди полесен пристап за граѓаните и поволна цена на изградба, во согласност со нормалните стандарди на изградба на патишта.
Според Зеколи Шаќири, целта е да го завршат овој проект на ефикасен и ЕКОНОМСКИ ПРИЈАТЕЛСКИ начин, обезбедувајќи дека автопатот Скопје-Блаце ќе биде современ и функционален пат, кој ги исполнува потребите на граѓаните и придонесува за развојот на регионот.
Таа ги покани граѓаните и медиумите да се потпрат на точни и верификувани информации од Министерството за транспорт за сите понатамошни развои на овој важен проект.