• Latest

УНИЦЕФ: Училишта кои се инклузивни, безбедни и отпорни на климатските промени постигнуваат значително подобри резултати од учењето

September 2, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

УНИЦЕФ: Училишта кои се инклузивни, безбедни и отпорни на климатските промени постигнуваат значително подобри резултати од учењето

September 2, 2024 12:00
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер преку соопштение до јавноста им посака успешна учебна година на сите ученици, наставници и вработени во училиштата, потенцирајќи дека образованието е темелот за безбедно, инклузивно, просперитетно и одржливо општество. Според неа, да се создаде средина каде што се негува различноста и се вреднуваат сите ученици е од суштинско значење за реализација на целосниот потенцијал на секој ученик.

„Ваквиот пристап не само што поттикнува поправедно и поемпатично општество, туку и гарантира дека секој ученик ќе расте и ќе напредува. Учениците кои учат во училишта кои се инклузивни, безбедни и отпорни на климатските промени постигнуваат значително подобри резултати од учењето“, вели Милер.

Во соопштението од УНИЦЕФ се додава дека за да се постигне таа инклузија потребна е дополнителна поддршка, подобрување на вештините на наставниците и искористување на капацитетите на Ресурсните центри, како и на обезбедување наставни материјали и асистивна технологија.

„Исто така, на децата и семејствата им треба подобар пристап до дополнителни услуги кои ќе го поддржат учењето и ќе им овозможат стекнување животни вештини“, вели Милер.

Таа додава оти да се создаде безбедна и пријатна средина – без насилство, средина која го чува и негува менталното здравје – е од суштинска важност.

„Многу деца и адолесценти страдаат во тишина, поради стигмата или недостатокот на иницијативи со кои се промовира менталното здравје и се спречува насилството. Цената на оваа тишина е изгубениот човечки капитал, како и нарушената хармонија и просперитет на семејствата, заедниците и нациите“, вели Милер потенцирајќи дека училиштето треба да биде сигурна и безбедна средина во која децата и адолесцентите учат и напредуваат.

Таа, исто така,  вели оти училиштата мора да се осврнат и на предизвиците што ги носат климатските промени.

„Екстремната топлина може значително да влијае врз развојот на децата, што води кон лошо здравје и исхрана, како и кон послаб образовен успех“, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ го поздравуваат протоколот за работа на училиштата при топлотни бранови што го изработи Министерството за образование и наука.

„Со овој протокол, училиштата се насочуваат да направат неопходни прилагодувања со цел учениците да се заштитат од ефектите на екстремни горештини и да продолжат да учат во здрава и сигурна средина. Покрај овие итни мерки, мора да направиме и долгорочни инвестиции за поголема климатска отпорност на училиштата, при што училишните згради, дворовите и игралиштата ќе имаат доволно зеленило, сенка и посвежи места за да може да функционираат во услови на сè повисоки температури“, велат од УНИЦЕФ, пренесе МЕТА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ