• Latest

Јаневска: 815 образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите, а за 200 кои ни се потребни трае конкурсот

September 2, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: 815 образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите, а за 200 кои ни се потребни трае конкурсот

September 2, 2024 14:28
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека 815 образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите за работа, а за 200 други кои ги проектирале дека се потребни од денеска трае конкурсот.

– Осумстотини и петнаесет образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите и можат да почнат со работа. За оние 200 за кои немаше обезбедено средства, ние ги проектиравме дека ќе бидат потребни и ги обезбедивме со ребаланс на буџетот и денеска се објавува конкурс. Конкурсот ќе трае пет дена, потоа следат уште две недели обука и тие после тој период можат да влезат во училиштата. Но, јас деновиве постојано повторувам родителите да не се вознемируваат, вестите кои нашиот политички опонент се обидува да ги прошири се лажни. Училиштата се обврзни да имаат инклузивни тимови. Наставниците се обврзни да си ги примат сите ученици во одделението и да се погрижат за нивното образование. Немаме криза, се е во ред и ќе биде во ред. Доколку има потреба за дополнителен број како одговорна Влада со посебна емпатија за децата со посебни потреби ќе направиме напори да обезбедиме дополнителен број на образовни асистенти, рече министерката.

На новинарско прашање зошто толку се доцнеше со овој процес и зошто не се почна порано за да не бидат дискредитирани децата со попреченост, Јаневска потенцира дека децата не се дискриминирани и овој процес не доцни.

 

-Овој процес е секогаш таков. Бројот на децата со посебни образовни потреби се менува секоја година. Значи, ние не можеме да знаеме колку дополнително ќе бидат запишани во прво одделение. Комисијата за функционална проценка и деновиве одобрува дополнителни асистенти. Процесот се одвива во најдобар ред, воопшто не се должи. Ресурсните центри си ги проверија бројките на деца кај што се потребни, направија пресметки, ние ги проверувавме пресметките, Финансии ги проверуваше и се тече така како што треба да тече. Не се дискриминирани. Инклузијата не е само образовен асистент. Инклузијата е цел систем кој го опфаќа училиштето, наставникот, инклузивниот тим, ресурсниот центар, кадрите во ресурсниот центар и образовните асистенти. Нема потреба од паника, се ќе биде во ред, рече Јаневска.

Во врска со тоа колку МОН одвоило за образовните асистени, таа истакна дека одвојуваат толку колку што било потребно.

-Дополнително само да додадам дека еден образовен асистент може да се грижи за две до три деца затоа што на секое дете не му е потребен еден образовен асистент. Значи, во едно одделение еден образовен асистент за дете со помали попречености може да се грижи за двајца и тројца, сите се обезбедени, рече Јаневска.

Министерката нагласи дека ја планираат и ја спроведуваат реорганизацијата на училиштата каде што има многу помал број ученици. Потенцира дека прават анализи кои се неопходни за едносменска настава во сите училишта ширум Републиката.

-За жал, ситуацијата во Скопје е најтешка, особено во одредени општини каде што има за среќа прилив на деца и таму ќе треба да се градат училишта и доградуваат училници. Но, таму каде што се намалува бројот на децата со помош на УНИЦЕФ и Светска банка пристапуваме, веќе сме во тек да ја реорганизираме работата и децата да почнат со едносменска настава, рече Јаневска.

 

Коментирајќи ја вчерашната објава на поранешниот министер за образование и наука Јетон Шаќири дека во учебникот по предметот историја има навредливи содржини, Јаневска истакна дека тоа претставува ширење на етничка и верска нетрпеливост.

-Едноставно не знам што да одговорам на ова прашање. Всушност, знам – очај и преголем срам. Не можам да сфатам како претходен министер за образование, интелектуалец, професор на факултет, може да си дозволи да искаже такво нешто. Малку беше етничка, сега ни треба и верска нетрпеливост и раздвојување на народот. Кирил и Методиј со своето грандиозно дело ги прифатил цел свет. Значи, тие се копатрони на Европа, тие се основоположници на описменувањето на една третина од светот, тие се учители во суштинското значење на зборот. Секој ученик, секој жител на оваа држава треба да знае кои се Кирил и Методиј. Но, како одговор на она што го напишал министерот на сликата се и Мурат Втори, Скендербег и други значајни личности од тоа време кои живееле во периодот на Византија. Верската основа не може да биде причина за да се намали грандиозното дело на двајца светски познати луѓе. Се надевам дека министерот ќе размисли уште еднаш и ќе го повлече она што го направи оти она што вчера го објави претставува ширење на етничка и верска нетрпеливост. Напротив, оваа Влада се труди да направи заедништво и меѓу учениците и меѓу целото население и ние ќе продолжиме во тој правец, рече министерката Весна Јаневска, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ