Пред неколку дена во село Галате, општина Врапчиште, полицијата ги спречи граѓаните да ја исчистат и реновираат црквата Св. Петка, а потоа приведе дел од граѓаните кои упаднаа во општина Врапчиште, за на крај да ги ослободи. Цивил Медиа следејќи ја темата, го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали и зошто политичарите ги злоупотребуваат верските чувства за создавање тензии?
Одговорете во коментари или, ако сакате да останете анонимни, испратете порака.
Ова прашање го постави ЦИВИЛ на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат на ова прашање во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа