• Latest

Коалиција „Маргини“: Владата ги отфрли препораките од земјите-членки на Обединетите нации за заштита на правата на ЛГБТИК луѓето во земјава

September 19, 2024

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Коалиција „Маргини“: Владата ги отфрли препораките од земјите-членки на Обединетите нации за заштита на правата на ЛГБТИК луѓето во земјава

September 19, 2024 10:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Длабоко сме загрижени од најновиот исход од 4-от цуклус на Универзалниот периодичен преглед во рамки на Обединетите нации за нашата земја. Иако неколку препораки беа поддржани од страна на нашата земја, вознемирува фактот што токму оние препораки кои се однесуваат на преземање конкретни чекори, а не само декларативни, за заштита на ЛГБТИК луѓето беа отфрлени“, реагираа од Коалиција „Маргини“.

Како што соопштуваат загрижува отфрлањето на препораките кои државата ги доби од Исланд и Белгија за вклучување на сеопфатна дефиниција за говор на омраза во Кривичниот законик, која експлицитно би ги препознала сексуалната ориентација и родовиот идентитет како заштитени категории.

„Иако го поздравуваме поддржувањето на препораките од САД и Уругвај за засилување на спроведувањето на законите за родово-базирано насилство и дискриминација, сметаме дека овие напори нема да бидат доволни без експлицитно препознавање на говорот на омраза во домашното законодавство“, велат од Коалицијата.

Државата  ги отфрли препораките кои дојдоа од Германија, Исланд и Кралството на Холандија за воведување на брза, транспарентна и пристапна процедура за правно признавање на родот врз принципот на самоопределување.

„Покрај тоа што ваквата одлука на Владата не ги зема предвид и не се справува со надминување на бариерите со кои се соочени трансродовите лица при пристапот до заштита, таа е и спротивна на пресудата од 2019 година на Европскиот суд за човекови права во случајот на X v. North Macedonia која ја обврзува државата да обезбеди процедура за правно признавање на родот.

Иако дел од препораките кои повикаа за итно усвојување на Законот за родова еднаквост беа поддржани, загрижува фактот што државата ја отфрли препораката на Германија која беше експлицитна во насоките дека овој закон треба да биде во согласност со стандардите на Европската унија и Обединетите нации.

Дополнително, Комитетот за тортура при Обедините нации неодамна исто така ја повика државата да преземе ефективни мерки за брзо и непристрасно справување со насилството врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Комитетот исто така побара од државата воведување на дефиниција за говор на омраза во Кривичниот законик. Овој комитет исто така изрази загриженост за зголемените ризици со кои се соочуваат ЛГБТИК затворениците, посочувајќи дека недостатокот на напредок во проценувањето на овие ризици ја отежнува превенцијата на меѓузатвореничкото насилство.

Ја повикуваме Владата на Северна Македонија да ги испочитува и спроведе препораките од страна на земјите-членки и експертските тела при Обединетите нации, да ги усогласи домашните политики со меѓународните стандарди за човекови права и да осигура дека сите лица, без разлика на нивната сексуална ориентација или родов идентитет, имаат еднакви права и заштита“, соопштија од „Маргини“.

Универзалниот периодичен преглед е политички процес во рамките на Обединетите нации каде земјите-членки меѓусебно го следат и оценуваат напредокот при почитувањето на човековите права, со цел да се идентификуваат слабостите и да се унапредат правата на сите граѓани.

Комитетот за тортура е експертско тело на Обединетите нации кое ја следи и оценува имплементацијата на Конвенцијата против тортура и други форми на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, обезбедувајќи стручни препораки за заштита на правата на затворениците и другите ранливи групи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ