• Latest

Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатиот руски имот

September 19, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатиот руски имот

September 19, 2024 15:20
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија дополнително ќе додели околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, од кои 60 милиони се за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реставрација, а оваа сума, како што се наведува, ќе се обезбеди од приходите од замрзнатите руски средства, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Со ова се компензира, на пример, еквивалент на загубата на производството на електрична енергија во нуклеарната централа Запорожжја, која, како што знаете, сега е под руска контрола. Станува збор за три насоки: поправка, поврзување и стабилизација. Благодарение на ова, ЕУ ќе може да обезбеди 25 отсто од вкупните потреби на Украина во текот на претстојната грејна сезона“, рече таа на заедничката прес-конференција со извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол во Брисел.

Претседателката на ЕК нагласи дека целта е да се задоволат моменталните потреби на населението, како и да се направи енергетскиот систем на Украина поодржлив на долг рок.

На Украина во моментов и се потребни 17 гигавати енергетски капацитет за да ја преброди зимата, рече таа, додавајќи дека Русија уништила „половина од целата енергетска инфраструктура“ на Украина, што, како што рече, е „еквивалент на моќта на три балтички држави заедно. ”

„Овде ќе ги фокусираме нашите напори за поправка за да го вратиме капацитетот од 2,5 гигавати оваа зима. Ова е приближно 15 отсто од потребите на Украина. И ќе продолжиме да ја координираме сета можна поддршка од нашите земји-членки преку механизмот“, објасни фон дер Лајен.

Друг елемент што ќе помогне да се покријат енергетските потреби на Украина во зима е извозот на електрична енергија, додаде таа.

„Ние тоа го нарекуваме поврзување. Веројатно се сеќавате на синхронизацијата на украинскиот енергетски систем со нашиот, што ја започнавме во февруари 2022 година, истовремено со почетокот на војната со Русија. Планирано е да се поврзе украинскиот енергетски систем со европскиот во следната две години, но кога нападна Русија, направивме се за да го забрзаме процесот и наместо две години, украинската мрежа се приклучи на европската за две недели“, додаде шефицата на ЕК.

Според неа, благодарение на ова ЕУ извезува 2 гигавати струја во Украина, што покрива и приближно 12 отсто од потребите за зимскиот период.

Третата точка, според неа,  е стабилизирање на украинскиот енергетски систем, што, како што наведе, вклучува примена на повеќе обновливи извори на енергија во земјата.

„Познато е дека покривните соларни електрани потешко се оштетуваат и полесно се поправаат од големата централизирана инфраструктура. И додека ова помага да се обезбеди стабилен проток на енергија во земјата, исто така придонесува за енергетската независност на Украина. На пример, испраќаме соларни панели во 21 болница во земјата со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија, а осум од нив треба да бидат целосно опремени до оваа зима“, рече Фон дер Лајен.

На почетокот на јули годинава, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги процени загубите на украинскиот енергетски сектор поради руското гранатирање на 56,5 милијарди долари, јави МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ