• Latest

Колапс, катастрофа, тотална утка, власт ли се, опозиција ли се – граѓаните со оценка за 100 дена Влада на Мицкоски

October 1, 2024

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Колапс, катастрофа, тотална утка, власт ли се, опозиција ли се – граѓаните со оценка за 100 дена Влада на Мицкоски

October 1, 2024 14:36
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за првите 100 дена Влада на Мицкоски?

На 23 јуни беше изгласан составот на владата на Мицкоски, кој пред своите гласачи и јавноста настапи со амбициозна агенда.

Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи најголемот дел од од сметаат дека не вратија назад 30 години во напредокот на државата и дека уште 100 дена да имаат пак ништо оваа Влада нема да направи. Некои побараа и оставка на Владата.

„За никаде“, Катастрофа“, „Колапс“, „Тотална утка“, „Оставка“, беа поголемиот дел од коментарите на граѓанките и граѓаните:

Среќна нова 2007-2015. Све је исто сам њега нема

Зарем има Влада ?

Катастрофа. Уште 100 дена да дадат ништо нема да направат. Со лаги држава не се води.

Власт изгубена во просторот и времето.

Не разбраа власт ли се, опозиција ли се…

Вели сме биле на дното, а не носи подоле од дното, главно џебовоте на народот се сушат, а нивните од тежина се влечат како пластелин.

Дел од читателите на прашање одговорија со прашање.

Прашањето подобро да гласи: Што мислите за овие 33 години агонија во која Македонија е пропадната? Дали има излез?

Може ли некое полесно прашање?

Може. шШо мислите за наредните сто дена?

Ниеден криминалец од политиката не е затворен. Вие одговорете, зошто?

Што ако ние мислиме? Тие ни ја смислија и оние што ги изгласаа. Нека им е на здравје, ама бргу да ги снема. А оваа другава тајфа нека собира ум за понатаму,или дајте некоја нова, чиста, бистра, умна, чесна.

Некои од коментарите укажуваа дека веќе во 100-те дена на оваа Влада се покажале манипулациите на владејачката партија со граѓаните.

Најважно го доосиромашија народот и не вратија 30 год. назад. Најнеспособна влада досега.

Лични интереси а избрани се да се за интересите на државата.Катастрофа со раздвојувањето со Албанија.На крај ќе прифатат тоа што сега го одбија. Само за поени на локални.

Така е, ги наседнаа избирачите, на патриотска основа со слоганот “никогаш северна”.

Тешко на нас. Ние ќе бидеме изолирани од цел свет со оваа политика што ја водат.

Груевски го уништи Скопје овој сериозно тргнал да ја уништи Македонија.

Со лага ги донесовме на власт ,и со лага продолжуваат да манипулираат со народот ,во 100-те дена од ветеното ништо не направија сè полошо и полошо, не вратија 30 години назад, не доосиромашија, понеспособна влада немало.

Б. Ј.

Tags: 100 дена владакоментариПрашање на денот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ