• Latest

Граѓанскиот сектор се обединува во одбрана од хајката на ВМРО-ДПМНЕ

February 9, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓанскиот сектор се обединува во одбрана од хајката на ВМРО-ДПМНЕ

February 9, 2017 19:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со слоганот „Мораме да го заштитиме граѓанското општество“, денеска, 122 невладини организации побараа поддршка од јавноста, со цел да се зачува слободата на граѓан(к)ите и на граѓанското општество.

Ваквиот апел од невладиниот сектор е реакција на заканите и манипулациите кои ги шири ВМРО-ДПМНЕ, која секодневно испраќа соопштенија во кои се сатанизира граѓанскиот сектор дека е дел од заговор за уништување на Македонија.

„Нападот на граѓанските организации не е само пропагандна вест за која се слуша по медиуми. Тоа е напад врз граѓанското општество, врз честа, достоинството и угледот на граѓани кои тука се родени, живеат, работат, плаќаат даноци, а своите работа и ангажман, професионално или волонтерски, ги посветиле на подобрување на животите на сите граѓани во државава подеднакво“, стои во писмото за поддршка кое го потпишаа 122 организации.

На денешната конференција се обратија Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на Фондацијата Институт Отворено општество Македонија (ФИООМ), Кристина Ампева од Здружението „Гласно“ од Штип, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет и Зекир Абдулов од „Кхам“ од Делчево.

„За отчетноста и транспарентноста на организациите од граѓанскиот сектор говорат нивните годишни финансиски и наративни извештаи, организациските и проектните ревизии кои отсекогаш биле јавно достапни, како и редовното и темелно комуницирање со јавноста и граѓаните. Граѓанските организации редовно и навремено ги исполнуваат своите обврски кон државата и се залагаат за добро и транспарентно управување во сите сфери на општеството. Оттука, оркестрираните државни контроли на финансиското работење на десетици организации во ист временски период, оставаат впечаток на тенденциозно и намерно вршење притисок, предизвикување страв и нанесување штета врз слободниот граѓански сектор“, рече Каранфилова Пановска.

Таа нагласи дека освен известувањата кои 22-те контролирани организации ги имаат добиено од УЈП, со кои се бара увид во финансиското работење за период од пет години, и освен наводите искажани на прес-конференција од СДСМ, во кои беше кажано дека против 22 организации и 42 физички лица е отворена постапка од страна на службите за финансиско разузнавање, нема други информации дека органите на власта се занимаат со граѓанските организации. Но, и дека нема да бидат изненадени ако ова е дел од една поголема координирана акција.

Таа, исто така, ги повика претставниците на политичките партии, претставниците на Владата, институциите и граѓаните, да ги поддржат организациите кои активно се залагаат за демократските вредности во Македонија.

 

Tags: 122 граѓански организацииапелВМРО-ДПМНЕНВОподдршкасатанизацијаслободахајка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ