• Latest

Министерката за финансии има спротивен став од Владата за трговските маржи, таа вели дека мерката не носи резултати

October 10, 2024
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката за финансии има спротивен став од Владата за трговските маржи, таа вели дека мерката не носи резултати

October 10, 2024 12:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес – конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите оти не носат резултат, бидејќи во државните институции нема капацитет за следење на почитување на мерката и очекува да има промени во тој дел, пренесува МИА.

-Јас ова веќе го коментирав и го имам исто така изјавено и транспарентно, никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Но, независно од сето тоа, јас и моето размислување го кажав на Владата, на крај ставот на Владата е тој којшто оди како заедничка одлука и ставот на Владата беше дека ќе се продолжи со замрзнување на трговските маржи со тоа што во периодот којшто следи очекувам да има промени во тој дел и да не продолжиме на истиот овој начин затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи како што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација, рече министерката Димитриеска Кочовска на новинарско прашање за нејзиниот став како министер за финансии за мерката за замрзнување на маржите.

Таа подвелече дека го поддржува Законот за нефер трговски практики затоа што смета дека тоа повеќе ќе го регулира пазарот отколку замрзнувањето на маржите.

-Законот за нефер трговски пракитики многу поедноставно може да се следи во однос на она што значи замрзнување на цени. Јас ги побарав билансите, седнав со надлежните, иако моето Министерство не е надлежно за таа работа, компаниите инсистираа да се видиме, јас ги примив, донесоа биланси, потоа седнав со надлежните институиции да разговарам и врз основа на тоа што го увидов повторно стојам на ставот дека оваа методологија не треба да се применува, рече Димитриевска Кочовска.

Таа посочи на решението кое го применувале од Владата на Унгарија, како поприфатливо и посоодветно решение, попуст на конечната цена, од 20 отсто во однос на просечната цена за даден производ добиена со пресек наназад за три месеци.

Прашана дали била осамена во ставот околу маржите и за недостатоците околу двојното толкување на бруто маржата и дали ќе инистира да се доработи таа вели дека таа вели дека нејзиниот став се заснова на анализа на бројки, пресметки и согледување на реалноста.

-Дали сум била осамена или не е ирелевантно, јас сум човек што има став и јас мојот став кога го давам не го менувам така едноставно, затоа што ниедна одлука досега што сум ја донела во животот не сум ја донела ниту избрзано, ниту поради некаков инат, туку само врз база на анализа на бројки, пресметки и воочување на реалност. Ако сум добила податоци за одредена работа и каде што гледам дека сепак профитабилноста не е таква како што компаните или некој друг се потрудил да ја претстави, јас не можам да замижам на тоа и можам да си го кажам својот став. Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна, подвлече Димитриеска Кочовска повторувајќи го мислењето за немање капацитети во администрацијата за следење на мерката и во однос на тоа дали правилно е поставена методологија како да се стигне до таа бруто трговска маржа.

Во однос на законот за нефер трговски практики, рече дека за се може да се разговара, но клучното во однос на овој закон е позицијата на маркетите, дистрибутерите и производните компании.

-За да зборуваме за мерки треба да ја разбереме суштината на бизнисот, маркетите наплаќаат во готово, независно дали е кредитна картичка, дебитна или ќе отидеш со пари, а плаќаат на одложено. Значи кеш флоуто што е клучно, а никој не го гледа, бидејќи е најтешко за разбирање, тука го имаме најголемиот проблем и затоа го поддржувам законот за нефер трговски практики, тој дел треба да се регулира на некој начин, вели министерката за финансии.

Во однос на инфлацијата таа посочи дека најголем пораст има на цените на зелените пазари и прашува како се дојде до толку високи цени на земјоделските производи, во услови кога се одвојуваат значајни средства за субвенции, а земјоделското производство опаѓа, а расте увозот. Во таа насока таа најави дека во Министерство за земјодлество веќе е во процедура измената на методологијата за распределување на субвенциите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ