• Latest

ЦЕФТА усвои 9 нови договори за унапредување на трговијата, работните места и правата на потрошувачите низ регионот

October 10, 2024

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЦЕФТА усвои 9 нови договори за унапредување на трговијата, работните места и правата на потрошувачите низ регионот

October 10, 2024 13:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот ден претставува значаен момент за економската соработка во рамките на ЦЕФТА.Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои 9 револуционерни договори, дизајнирани да ја трансформираат трговијата и економската соработка. Овие договори ветуваат реални и опипливи придобивки–поедноставување на деловните операции, создавање нови работни места и зајакнување на заштитата на потрошувачите, пренесува МИА.

Неколку дена пред одбележувањето на 10-годишнината од Берлинскиот процес, ЦЕФТА презема решителен чекор кон реализација на визијата за Заедничкиот регионален пазар. Втемелени на правилата и најдобрите практики на ЕУ, овие договори ќе ги приближат пазарите на ЦЕФТА до единствениот пазар на ЕУ и ќе го отклучат потенцијалот на новиот план за раст на ЕУ.

„ЦЕФТА е од фундаментално значење за слободното движење на стоки и услуги, стимулирајќи го економскиот раст и интеграција. Со овие одлуки создаваме посилна и пообединета економска зона, каде што бизнисите ќе можат побрзо да растат, а потрошувачите ќе бидат заштитени дури и при купување надвор од своите локални пазари. Ова е значаен момент за ЦЕФТА, бидејќи се приближуваме кон целосно усогласување со пазарот на ЕУ. Придобивките ќе се почувствуваат низ целата ЦЕФТА. На малите и средните претпријатија ќе им биде овозможено да извезуваат и да го искористат најдоброто од дигиталните пазари, додека сите ние ќе имаме повеќе избор, подобри цени и квалитет и посилна заштита на потрошувачите,“ изјави Данијела Гачевиќ, в.д. директорка на Секретаријатот на ЦЕФТА.

Клучни поенти од 9-те договори:

Признавање на AEO програмите: Бизнисите кои имаат царински бенефиции на домашните пазари сега ќе ги уживаат истите привилегии на сите 7 пазари на ЦЕФТА. Ова значи побрзи и поефикасни царински постапки, што ќе доведе до значително заштедување на време и трошоци.
Олеснување на е-трговијата: Единствена рамка ќе им овозможи на бизнисите непречено да продаваат преку интернет низ пазарите на ЦЕФТА, што ќе им олесни на потрошувачите да купуваат без ограничувања. Дополнително, ќе бидат воспоставени стандарди за заштита на потрошувачите при онлајн купување.
Испорака на пакети: Новите правила ја поедноставуваат испораката на пакети помеѓу земјите-членки на ЦЕФТА, подобрувајќи ја регулаторната контрола и воведувајќи ЕУ стандарди за транспарентност на цените и квалитет на услугата.
Превенција од неправедно гео-блокирање: Овие правила обезбедуваат дека онлајн продавниците нема да го блокираат пристапот до веб-страниците, производите или услугите врз основа на локацијата и потеклото на потрошувачите, што овозможува неограничено купување низ пазарите на ЦЕФТА.
Трговски аспекти на правата за интелектуална сопственост (IPR): Хармонизираните стандарди за IPR ќе ги заштитат и бизнисите и потрошувачите од фалсификувани производи, поттикнувајќи иновации и штитејќи го пазарот на ЦЕФТА.
Воспоставување на електронски систем за управување со ризик: Електронската размена на податоци ќе им овозможи на царинските служби поефикасно да ги таргетираат пратките со висок ризик, подобрувајќи ја безбедноста на трговијата и забрзувајќи го движењето на стоките.
Олеснување на трговијата со услуги од туристички агенции и тур-оператори: Патничките агенции и тур-операторите ќе имаат полесен пристап до сите пазари на ЦЕФТА, создавајќи нови можности за раст и привлекување повеќе туристи во регионот.
Механизам за решавање на спорови (Дополнителен Протокол 7): Нов механизам за решавање на трговски спорови ќе гарантира правичност и транспарентност, зголемувајќи ја довербата на бизнисите во примената на правилата за олеснување на трговијата на ЦЕФТА.
Олеснување на моторното осигурување (Препорака): Поедноставените процеси за осигурување на моторни возила ќе им овозможат на патниците да возат низ земјите на ЦЕФТА без грижи за осигурителното покритие.
Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои три одлуки насочени кон реформирање на внатрешното работење. Овие реформи вклучуваат нови Правилници за работа на Заедничкиот комитет, ажурирање на Одлуката за управување на Секретаријатот и создавање нови тела за надзор на соработката во новите области, како испорака на пакети, интелектуална сопственост и професионални квалификации.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ