• Latest
Војо Маневски

Со половични мерки нема целосни резултати

October 14, 2024

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Со половични мерки нема целосни резултати

Ни балансери ни свети балансери нема да нè спасат од законите на конкуренцијата. Смешни се тврдењата дека поради балансерот администрацијата е неефикасна. Ако се балансерите 30% и ако нефикасноста ја земеме како целина од 100%. Кој е носител на другите 70% на неефикасноста. Тие небалансерите преку партиски листи влегоа или преку конкурентни квалитети и на јавен оглас? Ако ја загушија конкуретноста партиите во вработувањата во администрацијата, таа се излea преку границите.

October 14, 2024 12:49
in ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ         

Секоја влада за секоја своја одлука наоѓа оправдување или во затекнатите состојби или во надворешните влијанија кои мора да ги трпи. И тоа е веќе познато и очекувано и за нашава влада. Она кое веќе изненадува е молкот на стручната јавност која изгледа  веќе е толку препарирана од партиски влијанија што или е скроз на страна на партијата со која е во „правец“ или молчи очекувајќи да види каде ќе „климне“ општото расположение. Семинари, средби, стручни мислења имаме само како новинарски известувања. Конкретни модели и предлози скоро и да не чувме за овие месеци. Она што ја убива надежта на целата заедница е постојаното сликање на состојбите со црни и сиви бои. Економистите добро знаат дека пазарната економија се заснова еден дел и во позитивната атмосфера во општетсвото. И малата куповна моќ не се реализира ако се очекуваат темни денови. Ако не се купуваат производите а инвеститорите се плашат да инвестираат тогаш што треба да ја врти економијата. Владините мерки само можат да го закочат тој процес и во суштина ништо суштински не решаваат.

Ова е време на смена на генерациите и нивните разбирања на процесите. Постарите генерации непоправливо се вкопани во некакви рецидиви на поранешната општетвена организација. Тој систем пропадна во судир со пазарната економија и тоа треба да се разбере. Не можаме малку да сме за модерна економија и малку за самоуправување. Малку за Европа ама малку и за Русија. Малку за демократија а малку повеќе за авторитарно општество каде за нас ќе мисли шефот а ние само ќе извршуваме. Време е да одлучиме дали ќе ја превземеме лично и секој одговорноста за себе а како граѓани и народи за државата.

Нема полу решенија или со одложено дејство. Ако ги има ќе очекуваме полу резултати. Министерката за образование сакајќи да ја пофали колешката од финанасии рече: ја почитувам колешката која од еден прави два денара.

Не сакајќи министерката го отсликува нашето разбирање за државата и економијата. Министерката за финансии не треба да прави денари туку според прокламирана макро економска политика да ја одржува ликвидноста на буџетот. При тоа треба да е брана од низата барања на министрите кои непродуктивно и неприоритетно сакаат да ги трошат средствата. Искрено, изјава на министерката за финансии за мерките со замрзнување на цените во малопродажбата е охрабрувачка за сериозните следачи на економските текови. Никогаш таквите мерки не дале резултат туку само ја одложуваат зголемената цена. Стандардот може да се брани со низа на социјални мерки без директно да се интервенира на пазарот. Министерката знае дека за лечење на последиците после ќе и требаат повеќе средства и подобро сега да мора да прави два од еден денар отколку после да мора да прави три. Едноставно и одамна докажано во економијата. Некои од експертите велат дека ваков недоволно изграден пазар со низа на непазарни однесувања на учесниците мора да се стави под контрола на државата. Таков апарат нема државата и да има прашање е колку долго ќе можат сѐ да контролира ако се знае дека апаратот е подлежен на корупција.

Овде лежи веројатно и основниот проблем. Зошто и после триесет години пазарно организирана еконимија се расправаме за основни работи. Затоа што сме се некако на пола пат. Сакаме и претприемаштво ама тоа да го прави некој друг и да немаме одговорност за резулатите. Најсигурно ни е како во песната: социјално, пензиско и редовна плата, а на работа забушанти и постојано незадоволни од износот на платата. Ни балансери ни свети балансери нема да нè спасат од законите на конкуренцијата. Смешни се тврдењата дека поради балансерот администрацијата е неефикасна. Ако се балансерите 30% и ако нефикасноста ја земеме како целина од 100%. Кој е носител на другите 70% на неефикасноста. Тие небалансерите преку партиски листи влегоа или преку конкурентни квалитети и на јавен оглас? Ако ја загушија конкуретноста партиите во вработувањата во администрацијата, таа се излea преку границите. Статистиката вели дека 20% од работоспособното младо население својата конкурентност ја докажува во странство. Пазарна законитост на дело. Она што е потребно е рационализација на администрацијата и намалување на трошоците за неа а не разни правила за нејзино пополнување.

Инженерското здружение што толку ревносно се бореше против отворање на капацитети во енергетиката на странски компании сега повторно го афирмира својот став. Ако делумно имаа право кога такви капацитети требаше да се градат со средства на компании во кои имаа удели од домицилните држави, сега ова здружение вели дека мораме да градиме државни капацитети со свои средства и со тоа да ја штитиме цената на струјата и стандардот на граѓаните. Со поефтина струја и економијата ќе ни била поконкурентна. Па ние сме овде токму поради државните капацитети кои станаа извор за богатење на разните номенклатури до сега. Нема влада која не била оптужувана за малверзации во РЕК Битола. Ако не денес тогаш утре ќе бидеме изложени на слободниот пазар на енергија. Улогата на државните регулаторни тела треба да се во доменот на шпекулативниот увоз и во моноплската положба на неформалните картели. Tие на среден и подолг рок се ограничени со пазарните законитости. Ќе продаваат скапа струја а населението нема да може да ја купува и нивната потрошувачкам ќе се намали. Ако државата ги стави субјектите во рамноправна положба и нема со низа разни дотации да им го овозможува профитот тогаш пазарот ќе ги регулира цените според понудата и побарувачката. Средствата кои се трошат за субвенции треба да се пренасочат кон социјалните програми за заштита на стандардот на загрозените социјални слоеви. Електричната енергија засега не се складира во подруми па да се вади како разева и се интервенира на пазарот туку низ компликуван систем се одржува стабилноста на системот. Малку државно малку приватно и ќе имаме и скапа струја и несигурно снабдевање. Државата да ги регулира инвестициите во енергетиката во склад со правилата на искористување на природните ресурси и нивната заштита. Другото нека го остави на пазарот и негововите законитости. Ни поголеми држави од нас не можат да изградат замодоволен систем кој нема да трпи влијанија од глобалните економски движења. Ние мораме да го бараме нашето место и да бидеме флексибилни на промените за да можеме да опстанеме.

Учителите ќе добијат зголемување на платите. Министерката вели дека нашле пари во буџетот. Нашиот буџет е изгледа како аладиновата ламба. Ако го протресеш или затриеш, оп тој ти исполни желба. Во бајките е така ама во нашата стварност не е. Ако дадеш на една страна ќе скусиш на друга. Само зголеменото производство е сигурен  услов за зголемен државен буџет а не само неговото планирање а при тоа без да се влезе во сериозна даночна реформа. Резултатите од поцврстата инспекциска акција во собирањето на даноците до сега давала само првични резултати засновани на ентузијазмот на смената на владите. После се сѝ легнува на исто. А средства се потребни постојано и тоа се повеќе. И овде пак половичноста е наша болест. Се тргне во даночна реформа и веднаш се јават разни здруженија и комори кои навикнати на формални и неформални профити и топката ја префрлаат на терен на политика и партиско препукување а не ретко и на национална основа. Така и таа реформа застанува на сред пат. Како нашата провинциска свест. Се некако на пола пат село – град.

Треба ли да пишувам за евидентниот недостаток во сите партии на кредибилни и способни кадри. Не, не треба тоа го гледаме и ако засега никој не сака да го признае. Ама ај сега да ја оставам таа тема за друг текст за да ја зачувам конкуретноста. Ако не застанам на пола пат како и секогаш.


Текстот е личен став на авторот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ