• Latest

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Макрон за договор за прeкин на огнот во Либан доколку не се вклучи и разоружување на Хезболах

October 16, 2024
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Макрон за договор за прeкин на огнот во Либан доколку не се вклучи и разоружување на Хезболах

October 16, 2024 09:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се согласи со договор за прекин на огнот во Либан доколку не престане со повторното вооружување и прегрупирање на Хезболах.

Макрон претходно повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, како и крај на извозот на оружје што се користи во Појасот Газа и Либан.

„Премиерот му кажа на претседателот Макрон дека е против унилатерален прекин на огнот, кој нема да ја промени безбедносната ситуација во Либан и ќе ја врати земјата во претходната состојба“, се наведува во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Се додава дека Нетанјаху нагласил дека „Израел дејствува против терористичката организација Хезболах за да ја спречи да им се заканува на граѓаните на Израел на северната граница и да им дозволи безбедно да се вратат дома“.

Франција во понеделникот ги отфрли барањата на Нетанјаху за мировната мисија на ОН, позната како УНИФИЛ, да се повлече од својата позиција во Либан.

Нетанјаху, како што се наведува, бил изненаден од намерата на претседателот Макрон за Париз да биде домаќин на конференција за Либан, со учесници како Јужна Африка и Алжир, за кои рече дека „работејќи да му го ускратат на Израел неговото основно право на самоодбрана всушност го отфрлаат неговото право на постоење“.

Кабинетот на израелскиот премиер во посебно соопштение реагираше на изјавата на Макрон дека Нетанјаху мора да се придржува до одлуките на ОН и дека не смее да заборави дека неговата земја е создадена со одлука на таа меѓународна организација.

Во соопштението се наведува дека државата Израел е основана преку „војната за независност со крвта на нејзините херојски борци, од кои многумина го преживеаја Холокаустот, вклучително и режимот на Виши во Франција“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ