• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Светска банка: Ревидирана прогнозата за економски раст на земјава, најниска во регионот и во наредните три години

October 17, 2024

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Ревидирана прогнозата за економски раст на земјава, најниска во регионот и во наредните три години

October 17, 2024 19:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Светска банка ја ревидираше пролетната проекција за раст на Северна Македонија, и таа сега е намалена за 0.7 проценти , со што земјава и годинава ќе има најмал економски раст во регионот.

Според прогнозите на банката, нискиот раст во однос на земјите од регионот Северна Македонија ја очекува и во наредните три години, додека јавниот долг незначително ќе се намали. Дополнително, од Светска банка изразија загриженост за кредитите што земјата ги зема од Унгарија и како тие ќе влијаат врз јавниот долг и дефицитот.

Како што стои во извештајот на Светска банка кој беше презентиран денес, наместо очекуваните 2,5 проценти кои ги прогнозираше Светската банка во пролетната проекција, државава ќе ја заврши годината со економски раст од само 1,8 отсто. Според најниовиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, замјава ќе ја заврши годината со фискален дефицит од 4,9 проценти, просечна стапка на инфлација од 3,5 проценти и јавен долг од 63.5 отсто.

Намалувањето се должи на немањето реализација на Коридорите 8 и 10Д но и поради проблемите во енергетиката, а како главни причини за нискиот економски раст во земјава во извештајот се набројани растот на цените, бавното темпо на реализиација на јавните инвестиции, миграцијата, економската рецесија кај главниот трговски партнер на земјава Германија, но и воените конфликити во Украина и на Блискиот Исток.

Според извештајот на Светската банка, позитивен имплус во македонската економија би можел да донесе Планот за раст на Европката унија, додека за заемот од Унгарија, иако  го оценуваат како доста поволен, сметаат дека ќе го зголеми јавниот долг во иднина.

Најдобра економска состојба во регинот имаат Србија и Косово, кои ќе ја завршат годинава со раст од 3,8 проценти. Зад нив е Црна Гора со проектиран раст од 3,4 отсто, Албанија со 3,3 проценти, а Босна и Херцеговина ќе ја заврши годината со раст од 2,8 проценти.

М. Д.

Tags: економски растСветска банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ