Едно лице почина во клиничкиот центар во Скопје по тешките повреди што ги доби во вчерашното ново пукање во скопско Арачиново.
Во тешкиот инцидент беше тешко повредено уште едно лице, кое веднаш беше пренесено во Ургентен.
МВР соопшти дека во оружениот инцидент било пукано од возило марка ауди кон двајцата настрадани.
МВР се очекува да излезе дополнително со детали. Во тек е истрага.