• Latest

Претседателскиот реизбор на Трамп и иднината на ромската политика: Тест за демократскиот интегритет на Европа

November 8, 2024
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025

Тајван го затвора последниот нуклеарен реактор

May 17, 2025
Фотографија: Скриншот

Мицкоски: 6 милјарди евра договор за стратешко партнерство, деталите и условите за инвестиции уште се договараат

May 17, 2025
Фотографија: Скриншот

Лосон: Ова не е партнерство само на хартија, туку на споделени вредности, но олеснување на визниот режим не е дел од договорот

May 17, 2025

Заедничка прес-конференција на Мицкоски и Лосон за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на владата за продолжување на брзите депортации според воен закон од 1798 година

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Претседателскиот реизбор на Трамп и иднината на ромската политика: Тест за демократскиот интегритет на Европа

November 8, 2024 11:05
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

МЕНСУР ХАЛИТИ

Претседателскиот реизбор на Доналд Трамп не само што ја тресе американската политика – туку испраќа шок низ целиот свет, зголемувајќи ги заканите за демократските темели на Европа.

Никаде не се чувствува ова чувство на притисок повеќе отколку кај Ромите, како најголемо и најдискриминирано малцинство во Европа, чијашто кревка заштита виси на конец. Со САД кои се повлекуваат од својата историска улога како глобален заштитник на демократијата, Европа се соочува со клучен избор: да ја брани инклузивноста или да ризикува да поттикне стратешката ранливост која што би им овозможила на екстремистите од десницата и авторитаризмот да ги раскинат нејзините основни вредности.

Декади наназад, трансатлантската алијанса ги поддржувала демократските норми низ Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Балканот – региони каде што над 12 милиони Роми се потпираат на рамките на ЕУ, како што се – Механизмот за владеење на правото и Антирасистичкиот Акциски План, за заштита од системска исклученост. Но, и соединетите БРИКС земји како Русија и Кина што се повеќе наметнуваат влијание – потиснувајќи ја “стабилноста” над граѓанските слободи – пукнатините во овие западни алијанси стануваат се поевидентни.

Во овој променлив глобален пејзаж, ромската политика станува и мера и боиште за демократскиот отпор на Европа. Претседателскиот реизбор на Трамп, кој сигнализира обновена американска изолација и трансационална дипломатија, ја остава Европа повеќе подложна на авторитарни струи. Без поддршка од САД за демократските норми, се ризикува и заштитата на Ромите да се распадне под етно-националистичките и авторитарни лидери кои користат дезинформации, клиентелизам со цел да ја консолидираат својата моќ. Игнорирањето на ваквите заштити не е само морален неуспех – тоа претставува стратешка закана за демократската архитектура на Европа, бидејќи занемарувањето на политичкото вклучување на Ромите остава плодна почва за раст на екстремизамот од десницата и авторитаризмот. Како Европа ќе одговори – ќе ја обликува не само иднината на политичката инклузија на Ромите, туку и силата на нејзините демократски институции.

Кршливи темели на Европската демократија

Американско-европскиот сојуз долго време беше камен темелник на повоената европска демократија, особено во ранливите региони како ЦИЕ и Балканот. По Втората светска војна, Соединетите Американски Држави го надминаа економското закрепнување, залагајќи се за владеење вкоренето во демократските принцити. Овој сојуз ги постави темелите за инклузивност, особено поддржувајќи ги правата на Ромите преку реформи од ерата на Студената војна.

Сега, тој темел е под закана. Како што БРИКС силите го зголемуваат своето влијание, промовирајќи авторитарни модели, демократиската одбрана на Европа слабее. Во ЦИЕ, руските медиуми поттикнуваат етно-национализам, додека кинеските инфраструктурни проекти ги заобиколуваат демократските проверки. Овие промени ја поткопуваат заштитата на малцинските групи, како Ромите.

Реизборот на Трамп дополнително ја разоткрива ваквата ранливост. Неговиот пристап „Америка на прво место“ ги охрабрува етно-националистичките и авторитарни лидери во Европа.

Институции како Хелсиншката комисија, која некогаш го истакнуваше насилството врз Ромите, и USAID, познат по програмите за отпорност, го губат своето влијание. Како што опаѓа ангажманот на САД, се зголемува ризикот Ромите да паднат во покровителски системи кои ја потиснуваат политичката автономија и демократскиот ангажман, создавајќи стратешки празнини што авторитарните сили можат да ги искористат. Ако заштитите на Ромите продолжи да еродира, екстремизмот од десницата и авторитаризмот ќе најдат поткрепа, што ќе доведе до циклус на исклучување и антидемократски притисоци низ целиот континент.

Низ Европа, ксенофобичните популистички лидери ги вооружуваат анти-ромските чувства за да обезбедат моќ. Виктор Орбан во Унгарија користи исклучувачка реторика, прикажувајќи ги Ромите како закана за општеството. Во Западна Европа, миграцијата од ЦИЕ земји го поттикнува непријателството, продлабочувајќи ги политичките поделби. Иако рамките на ЕУ како Механизмот за владеење на правото и Антирасистичкиот Акциски План постојат, тие се борат против етно-националистичкиот отпор, откривајќи ја итната потреба од доследно спроведување на законите за да се спречат авторитарните фракции, да ги искористат овие системски празнини и да ја ослабат демократската кохезија.

Градење на европски штит: Политичката инклузија на Ромите како столб на отпорната европска демократија

Обезбедувањето на демократската иднина на Европа бара ЕУ да дејствува решително, ставајќи ја политичката инклузија на Ромите во срцето на своето единство. Ова започнува со цврсто спроведување: да се даде овластување на Европскиот суд за човекови права и Агенцијата за фундаментални права да издаваат обврзувачки препораки за заштита на малцинствата, директно поврзани со финансиски стимулации. Ваквите мерки ќе испратат јасна порака дека Европа е посветена на одбраната на инклузивноста и заштитата на демократскиот интегритет. Зајакнувајќи ја заштитата на Ромите, ЕУ не само што ќе ги подржи човековите права, туку и ќе го ограничи порастот на крајнодесничарските и авторитарни сили кои ги експлоатираат малцинствата.

Инвестирањето во организации предводени од Ромите преку иницијативи како Програмата за граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV) и Европскиот социјален фонд е подеднакво клучно. Финансирањето на овие групи ги овластува ромските гласачи да се вклучат во застапување и да се борат за системски реформи, намалувајќи ја зависноста од клиентелистичките мрежи. Ова ја зајакнува грасрутс политичката отпорност и гарантира дека ромските гласови ќе се слушнат локално, национално и во Европа, спречувајќи го распространувањето на наративите што ја поткопуваат демократската кохезија.

ЕУ мора да ги заштити ромските гласачи од дезинформации. Проширувањето на акцискиот план за европска демократија за да вклучи приспособени програми за дигитална писменост и граѓански ангажман, ќе ги опреми ромските гласачи да се носат со манипулативните онлајн кампањи.

Партнерството со Европската опсерваторија за дигитални медиуми дополнително ќе спречи штетни наративи, промовирајќи информирано и активно граѓанско учество. Ова е од клучно значење за спречување на етно-националистичките и авторитарните фракции од искористување на обесправеноста на Ромите за да ја дестабилизираат демократијата.

Надвор од институционалните мерки, Европа треба да го преобликува својот наратив.

Истакнувањето на придонесот на Ромите во европската историја преку образование и културни иницијативи, ќе се спротивстави на стигмата и ќе изгради јавна поддршка за инклузивни политики. Заштитата на изборните права на Ромите преку ригорозен надзор и мерки против принуда, дополнително ќе ги зајакне демократските процеси и ќе спречи ја манипулацијата со гласовите.

Конечно, унапредувањето на ромскиот манифест за политичка одговорност, изработен од организации предводени од Роми, ќе постави јасни одредници за застапеноста и инклузијата. Поврзувањето на финансирањето на ЕУ со овие цели, ќе ги натера земјите-членки да бидат одговорни и ќе го подигне политичкото вклучување на Ромите на основен критериум за почитување на владеењето на правото. Ваквиот пристап ќе ја демонстрира заложбата на ЕУ на демократијата, зајакнувајќи ја нејзината отпорност против екстремизмот и авторитаризмот.

Дефинирачки тест за Европа

Со преземањето на функцијата – новото раководство на ЕУ се соочува со критичен предизвик.

Комесарите како Мајкл Мекграт и Роксана Минзату мора да дадат приоритет на политичкото вклучување на Ромите за да се борат против етно-националистичките и авторитарни сили кои ја поткопуваат демократската кохезија на Европа. Вметнувајќи ја политичката инклузија на Ромите во рамката на Европскиот штит, ЕУ може да се позиционира не само како шампион за човекови права, туку и како глобален лидер во демократската отпорност.

Времето за акција е сега. Зајакнуавњето на Ромите и другите ранливи групи како активни учесници во демократскиот пејзаж на Европа ќе ја заштити Унијата од силите кои ги искористуваат нееднаквостите за поттикнување екстремизам и ауторитаризам.

Со реизборот на Трамп кој ги преобликува американските приоритети, Европа мора да преземе иницијатива за зајакнување на своите темели. Неуспехот да се заштитат ромските гласачи само ќе ги продлабочи ранливостите засилувајќи ги заканите што ја нагризуваат самата основа на европската демократија.

Европа стои на крстопат.

Нејзиниот одговор ќе дефинира дали ќе се појави како обединет бастион на демократијата или ќе дозволи поделбата да се вкорени. Изборот е јасен: храбра акција за обезбедување на издржлива, инклузивна иднина каде Ромите целосно придонесуваат за силна европска демократија.


Текстот е личен став на авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ