• Latest

Во Баку свечено отворена Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП29)

November 11, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Баку свечено отворена Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП29)

November 11, 2024 12:34
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и деветтата Конференција на земјите (КОП) според Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) свечено беше отворена денеска во Баку, Азербејџан.

Министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ и претседател на COP28 во Дубаи во 2023 година, Султан ал Џабер, го предаде претседателството на КОП на азербејџанскиот министер за екологија и природни ресурси Мухтар Бабаев. Бабаев, пред да влезе во политиката, бил заменик-претседател за екологија на азербејџанската државна нафтена компанија SOCAR.

– Да покажеме повторно дека можеме да се обединиме, да дејствуваме и да постигнеме резултати. Се соочуваме со сложено време, а ОАЕ секогаш ќе ја изберат соработката и дијалогот над провокациите, рече Ал Џабер, посочувајќи на историскиот консензус постигнат во Дубаи, кој многумина го сметаат за невозможен.

Консензусот од Дубаи, според него, е основа за глобалните климатски амбиции и одржлив развој, вклучувајќи договор за праведен и организиран енергетски преод и поставување цели за тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија, двојно зголемување на енергетската ефикасност и запирање на уништувањето на шумите до крајот на деценијата.

По COP28, климатските иницијативи продолжија, а Џабер ја истакна значајноста на Повелбата за декарбонизација на нафтата и гасот (OGDC), на која се приклучија 55 компании што покриваат 44 проценти од светското производство на нафта. Исто така, ги истакна напорите за Фондот за компензација на загуби и штети од климатските промени, со седиште на Филипините и обврски за 850 милијарди долари.

Тој ги нагласи финансиските средства како критичен момент за климатските цели, спомнувајќи го и инвестицискиот фонд ALTERA, насочен кон климатски инвестиции и трансформација на пазарите во економиите во развој.

Мухтар Бабаев, по неговото официјално назначување за претседател на КОП29, ги посочи двата столба на кои стои азербејџанското претседателство во своите напори: промовирање амбиција и постигнување резултати.

Водечки приоритет е постигнувањето на фер и амбициозна Нова колективна квантитабилна цел која ги одразува потребите на земјите во развој, рече Бабаев. Според неговите зборови, износите што се посочуваат „можеби изгледаат големи, но тие не се ништо во споредба со цената на неактивноста“.

Друга цел во разговорите за климата ќе биде да се донесат пазарите на јаглерод во климатските финансии, кои, според него, би можеле да придонесат со 250 милијарди долари годишно.

Време е ветувањата да се претворат во вистински придонес во фондот за компензација на загубите и штетите, рече претставникот на Азербејџан.

Исто така, важно е земјата-домаќин на КОП29 да посвети поголемо внимание на прилагодувањето на климатските промени, бидејќи тоа е веќе тука, истакна претседавачот на овогодинешниот форум.

Извршниот секретар на UNFCCC, Сајмон Стил, посочи дека климатските конференции се единственото место каде земјите можат да одговараат за своите активности, и истакна дека, без нив, светот би се движел кон загревање од 5 степени Целзиусови.

Стил ја нагласи потребата од глобален финансиски договор и предупреди дека недостигот од одржливи синџири на снабдување ќе ја стави глобалната економија на колена.

„Климатското финансирање не е добротворна активност,“ рече тој, повикувајќи на цел за колективна климатска цел, бидејќи чистата енергија веќе е значително финансиски вложување.

Стил ги потсети учесниците дека на COP29 мора да се постигнат значајни резултати, повикувајќи на решителност и иновативност во климатските акции, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ