• Latest
Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Радмила Шекеринска – од електроинженер до заменик генерален секретар на НАТО

November 19, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Радмила Шекеринска – од електроинженер до заменик генерален секретар на НАТО

Радмила Шекеринска денеска во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО. Марк Руте, генералниот секретар, изјави дека е среќен што ќе работи со неа и дека таа е вистински верник на НАТО.

November 19, 2024 17:50
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

МАРИЈА ТОДОРОВСКА / НОВА

Радмила Шекеринска дипломирала на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995 година, како асистент на факултетот работела пет години, од 1997 до 2002 година. Магистрирала во 2007 година во „Флечер“ САД на престижната школа за дипломатија и право.

Нејзините политички функции започнуваат во 1993 година кога таа е избрана за член на ЦО на СДСМ. Во 1995 година станува дел од претседателството на ЦО, а четири години подоцна таа самата е потпретседател и меѓународен секретар на партијата.

Радмила Шекеринска била претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, потпарол на СДСМ и во 2006 година на 5 ноември избрана е и за претседател на партијата. Нејзин претходник бил Владо Бучковски, а по 2008 година функцијата претседател на СДСМ од неа ја презема Зоран Заев.

Шекеринска била и дел од Советот на Град Скопје од 1996 до 1998 година, таа била и пратеник во Собранието и во тој период ги има функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.

Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, таа беше пратеник во четири мандати, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош. За време на нејзиниот мандат, Република Македонија го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија.

 

Во период од 2017 до 2022 , Радмила Шекеринска беше и министерка за одбрана.

Радмила Шекеринска е автор на повеќе научни трудови и добитник е на наградата “Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.

 

Извор: НОВА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ