• Latest

Руте: Членките на НАТО мора да издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбраната

December 3, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Руте: Членките на НАТО мора да издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбраната

December 3, 2024 14:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Одвојувањето за трошоци за одбраната од два отсто од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Пактот, на кој учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пренесе МИА.

– Мора да направиме повеќе. Не можеме да останеме на два проценти, бидејќи на долг рок тоа би значело дека нашата решителност не е доволно јака, рече Руте.

За да ја зајакне својата безбедност, според него, на НАТО му е потребна посилна одбранбена индустрија и зголемување на нејзиното производство, нешто што Русија, Кина и Северна Кореја веќе го прават.

Работниот дел од состанокот започнува попладнево со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, на кое првпат ќе учествува и јорданскиот Абдула Втори, со кого Министрите од НАТО ќе разговараат за тековниот конфликт на Блискиот Исток и неговото влијание врз евроатлантската безбедност.

– Јордан е еден од најважните партнери на НАТО на Блискиот Исток. Наскоро ќе ја отвориме канцеларијата за врски на НАТО во Аман и ова е важен чекор со кој нашите односи во регионот ќе ги направиме уште посилни, рече Руте.

На крајот на првиот ден од заседанието ќе се одржи сесија на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера, на која ќе учествуваат и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. На заседанието ќе се разговара за конфликтот во Украина и за начините за зајакнување на земјата во справувањето со руската агресија.

Руте најави дека на заседанието ќе присуствува и новата висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, затоа што, како што нагласи, НАТО и Европската Унија мора тесно да соработуваат во поддршката за Украина.

– Украина влегува во уште една клучна зима, а руската агресија не покажува знаци на намалување. Токму спротивното, Путин ги засилува својата реторика и непромислените постапки. Тој ја користи Украина како полигон за тестирање на експериментални ракети и распоредува севернокорејски војници во оваа илегална војна, додаде Руте.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за мир и го зајакнува притисокот обидувајќи се да заземе повеќе територија „затоа што мисли дека може да ја скрши решителноста на Украина и нашата, но греши“.

Руте нагласи дека сојузниците остануваат посветени на ветувањето дадено на Самиот на НАТО во Вашингтон во јули годинава за финансиска помош од 40 милијарди евра за оваа година за поддршка на Украина и ги поздравувам неодамнешните најави за поголема воена помош за земјата од повеќе членки на Алијансата, меѓу кои и САД, Германија, Шведска, Естонија, Литванија, и Норвешка.

– Ова е одлична вест. Ја формираме новата Команда на НАТО во Визбаден за да ја координира безбедносната помош и обука за Украина. Ова ја прави нашата поддршка поцврста, а исто така и одржлива. Но, сите ќе треба да направиме повеќе, посебно сега. Колку е поголема нашата воена поддршка за Украина сега, толку посилна ќе биде нејзината позиција на преговарачката маса и толку побрзо можеме да ставиме крај на руската агресија еднаш засекогаш, додаде Руте.

Според него, на Украина не и требаат идеи и дискусии како да преговара за постигнување мир, туку и е потребна воена поддршка за зајакнување на нејзината позиција на теренот, а со тоа и во идните мировни преговори.

Во врска со барањата на Кијив за доставување на покана за членство во НАТО по забрзана постапка, Руте истакна дека меѓу сојузниците постои согласност дека местото на Украина е во Алијансата, но дека во моментов приоритет е зајакнување на воената поддршка за земјата и за тоа ќе се разговара на претстојниот министерски состанок.

Министерскиот состанок на НАТО продолжува утре претпладне со заседание на Северноатлантскиот совет на кое, меѓу другото, ќе се разговара за зајакнување одбранбената индустрија, за зголемување на безбедноста на критичната инфраструктура, за подготовките на Самитот на Алијансата што ќе се одржи следната година во Хаг, но и за „непријателските активности на Русија во земјите на НАТО“.

– Во текот на изминатите години, Русија и Кина се обидоа да ги дестабилизираат нашите нации со акти на саботажа, кибер напади и енергетска уцена. Да не заплашат. Но, ниту една од овие акции нема да не одврати од поддршката на Украина или од зајакнување на нашата сопствена одбрана. Сојузниците на НАТО ќе продолжат да стојат заедно за да се соочат со овие закани преку низа мерки, вклучително и поголема размена на разузнавачки информации и подобра заштита на нашата критична инфраструктура, додаде Руте.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ