Денот на човековите права се одбележува секоја година низ светот на 10 декември. Ја одбележува годишнината од едно од најреволуционерните глобални ветувања во светот: Универзалната декларација за човекови права (УДЧП). По повод Денот на човековите права ви претставуваме неколку инспиративни цитати за човековите права од познати личности објавени на страната на Амнести интернешнл.
„Да ги ускратиш луѓето од нивните човекови права значи да ја оспориш нивната хуманост“, Нелсон Мандела, активист за граѓански права и јужноафрикански претседател
„На оние кои се угнетени многу им значи да знаат дека не се сами. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека тоа што го правите е безначајно“, Дезмонд Туту, јужноафрикански активист за граѓански права
„Неправдата насекаде е закана за правдата насекаде“, Мартин Лутер Кинг, афроамерикански активист за граѓански права.
„Свеќата гори не за нас, туку за сите оние кои не успеавме да ги спасиме од затвор, кои беа застрелани на пат кон затворот, кои беа мачени, киднапирани, кои „исчезнаа“. За тоа служи свеќата“, Питер Бененсон, основач на Амнести Интернешнл
„Мирот може да трае само таму каде што се почитуваат човековите права, каде што луѓето се хранат и каде што поединците и нациите се слободни“, 14-ти Далај Лама
Кредит: Amnesty International
„Да се потсетиме: Една книга, едно пенкало, едно дете и еден учител можат да го променат светот“, Малала Јусафзаи, пакистанска образовна активистка
„Стани, стани, застани за своите права. Стани, стани, не се откажувај од борбата“, Боб Марли, пејач од Јамајка
Подготви: Д. Мишев