Голема меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, во Скопје, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија).
Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам
Разгледување на напливот на крајно десничарските движења и нивното влијание врз демократијата и општествената кохезија: што можат да направат медиумите и граѓанското општество– поставување на основа за понатамошна соработка во врска со план и стратегија за дејствување.
- Роџер Касале, Генерален секретар, Нов европски граѓански форум, Италија
- Ксенија Халубович, новинарка, Германско-француска награда за новинари 2021, Белорусија (во егзил)
- Мика Бојстер, Претседател, Германска унија на новинари, Германија
- Александар Спасов, универзитетски професор, Северна Македонија
- Адмир Лисица, истражувач, БиХ
- Бојан Маричиќ, активист на граѓанското општество, поранешен вицепремиер за европски работи и поранешен министер за правда, Северна Македонија
Модератор: Волфганг Ресман, Претседател, Медиа дијалог/Y4M, Германија.
Ксенија Халубович, новинарка, Белорусија (во егзил): Ние не сме Руси, имаме сопствени проблеми, сопствен јазик, култура, не сме браќа, соседи сме но не и браќа, никогаш браќа
Новинарката Ксенија Халубович во своето излагање во емотивно обраќање се осврна на состојбата во Белорусија, каде има притворени новинари – тоа е сива зона во Европа, режимот на Лукашенко има голема помош од режимот на Путин, им оневозможува на лугјето слободна да се изразуваат, затварени се само за еден коментар на фејсбук, 1,5 милион луѓе ја напуштија земјата, илјадници не можат да се вратат. Повеќето новинари избегаа и работат во егзил, само тие може да го пренесат гласот на своите луѓе кои живета во сивата зона.
Вчера добив ужасна вест дека една жена се самоубила поради политичката репресија во Белорусија, вели Халлубович.
Повеќето луѓе неможат ништо да сторат. Режимот посега по блиските роднини ако неможат да стигнатна новинарите во егзил. Се е поради поддршката на Путин, додека има руски труп , имаме некаква хибридна окупација. Нашата ситуација е целосно зависна од победата на Украина, нашиде момци и девојки се борат за слобода на Украина. Имаме добри организации во дијаспората, во егзил кои им помагаат на луѓето, им помагаат на политичките бегалци. Русија не успева да не скрши, на светот му покажавме дека сме силни.сплотени, вели Халубович.
Ние не сме Руси, имаме сопствени проблеми, сопствен јазик, култура, не сме браќа, соседи но не и браѓа, никогаш браќа, кажа на крајот од своето емотивно обраќање белоруската новинарка Ксенија Халубович.
Д-р Александар Спасов, Северна Македонија: Предолго време зборуваме за десничарскиот национализам, но не правиме ништо да се сузбие
Д-р Александар Спасов вели дека порасност на национализмот веќе се брендира, има општ пораст на екстремизам, нема разлика меѓу левицата и десницата.
„Десничарскиот национализам се развива. Крајната десница е тука и засекогаш ќе мора да живееме со тоа и да се бориме да не дојдат на власт, како во Русија.
Предолго време збориме за десничарскиот национализам, но не правиме ништо да се сузбие.
Тешко ми е да сфатам како умните луѓе, активистите, социлајдемократите не направија ништо за спречување на десничарскиот екстремизам.
Во сите земји во Западен Балкан и Северна Македонија политичкиот екстремизам е во пораст.
Во Северна Македонија граѓаните се целосно разочарани од правниот систем. Кога луѓето не веруваат во правда во суд, прибегнуваат кон правдата да ја земат во свои раце, на улица.
Тој додава дека Балканот има историја на национализам. Кај нас сега се појавуваат уште подесничарски партии, кои радикално настапуваат пред јавноста. Ваквите реторики и говори наместо да им се намалува рејтингот, на нив им се зголемува.
Тој вели дека многу е лесно да се борите со корупцијата против поранешните министри, се бориш со криминалот и корупцијата кога се бориш со своите министри.Точно 25 учесници од САД, Европа, Балкан и Северна Македонија учествуваат на Меѓународната конференција.
Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за интеграции во ЕУ: Десничарскиот национализам и политика се крепи од емоцијата на луѓето
Поранешниот вицепремиер за ЕУ интеграции, Бојан Маричиќ во своето обраќање вели дека национализмот не е нешто ново во Западен Балкан.
Маричиќ потенцира дека кога наративот за европска перспектива не фунционира тогаш настапува десничарскиот наратив. Тој додава дека во овој момент во Украина, Грузија и Молдавија, се води политичката битка која станува битка на општеството.
„Нема да го решиме предизвикот ако не дојдеме до коренот на проблемот. Десничарската политика се крепи од емоцијата на луѓето.
„Кај нас десничарите ги придобија граѓаните кои имаат неразрешени емоции, кои сметаат дека се изиграни од ЕУ и од Владата.
ЕУ наративот кој е во насока на прошерување е на прогресивните сили, десничарските влади имаат страв отворено да се откажат од ЕУ“, вели тој.
Тој додава дека во иднина треба прогресивните сили да бидат подготвени за борба, но не на насилство, туку борба да се освојат срцата на луѓето и да им се објасни дека иднината е во ЕУ.
„Ако можат во Грузија во вакви улови да се борат со екстремната десница, тогаш ние во Блаканот мораме уште повеќе да се бориме против радикалниот национализам. Мора да имаме јасен план за приклучување кон ЕУ“, рече Маричиќ.
Мика Бојстер, претседател на германскиот сојуз на новинари, Германија: Новинарите можат да бидат битен дел од општеството и да придонесат за стабилност и мир
Претседателот на германскиот сојуз на новинари, Мика Беустер, посочи дека за десничарските партии во Германија обично кога се известува за нив се известува само со зборовите „па тоа е тоа што тие го прават“ и прифатено е како нешто нормално што го прават.
Ние во Германија известуваме за десничарскиот национализам и екстремизам и користиме платформи како фејсбук, x, сите оние платформи каде имаме контрола содржината да допре до пошироката публика. Имаме неколку закони за оналн медиумите но регулативите не се толку јаки.
Тик ток е претпрочитан медиум меѓу младите, и тоа е нешто што треба да го земеме во предвид и ние како традиционални медиуми треба да размилсиме како да допредеме до секој вид публика. Ние сега треба да го промениме начинот на известување и да имаме соодветна инфраструктура и потребно ни е тоа знаење за социјалните мрежи, истакна тој.
Навлегувајќи во политиката во Германија, Бојстер посочи дека не очекувам дека ќе има некоја победа на ваквите избори бидејќи треба да се има предвид реалната перспектива бидејќи тие се втората најголемата политичка сила. Но она што го кажуваат 80 проценти не е прифатливо. Треба да се грижиме за фактот што имаме партија што е пропутин и прорусија. Сега има еден нов тренд во популистичката политика се зема едно лице и за тоа лице се врзува цела политика. Во кавки случаи има проруска пропутин политика
Новинарите можат да бидат битен дел од општеството и да придонесат за стабилност и мир, за крај истакна тој.
Адмир Лисица, истражувач за регионални политички односи, БиХ: За БиХ најважна е поддршка на НАТО
Адмир Лисица, во своето излагање се осврна на сегашната состојба на Европа истакна дека е опасна за БиХ со подемот на национализмот.
„Русија го поддржува подемот на крајно десничарското движење и овие политики имаат поддршка во цела Европа. Одраз на деничарскиот национализам во Европа е Унгарија. По доаѓањето на Трамп за претседател во САД имаше луѓе по улиците во БиХ што ја славеја победата.
Мислам дека големиот национализмот, поради геноцидот во БиХ, имавме и имаме проблеми во БиХ. Она што го истакнуваме дека ќе продолжи да расне десничарскиот национализам во Европа. Ние немаме поддршка од ЕУ во овој период и затоа ни треба цврста одлука од ЕУ која ќе каже добро БиХ, Црна Гора и Северна Македонија сакаат да се придружат – ние ќе ги поддржиме“, истакна Лисица.
Тој додаде дека крајно десничарската политика игра со чувствата на луѓето.
„Голем проблем во БиХ и за мене е поважна е НАТО отколку европската опција. Ова е убав пример да се види дека имаме проблем со Русија и ни треба поддршка од НАТО и ЕУ“, истакна Лисица.
Роџер Касале, Нов европски народен форум, Италија: Десничарите сакаат да поларизираат, а ние треба да се поврзуваме на цивилизиран начин!
Роџер Касале од Нов Европски народен форум- Италија, се осврна на десничарскиот начин на политичко оперирање низ Европа.
Сакам Северна Македонија да биде поблиску до ЕУ, и затоа ми е драго што ме поканивте да учествувам во разговорите. Национализмот и авторитаризмот одат рамо под рамо и водат кон војни, треба да размислиме околу тоа. Како европеец, знам дека Европа е мировен проект, го памтат падот на Ѕидот на Берлин, и не е наивно да се верува дека се можни големи промени.
Студирав во Болоња кога падна италијанската република, под напливот на корупцијата и внатрешните проблеми, и затоа сметам дека можат да дојдат промени. Убеден сум, сум ги видел тие промени…
Политичката клима се менува, доаѓа голема бура. Бура по бура којашто не очекува. Видовме во Британија, со растот на десничарскиот популизам, кој ја истурка Британија од Европската Унија, имавме најлоша повоена влада досега, онаа на Борис Џонсон… Само сакав да споделам неколку наоди.
Мислам дека првата лекција би била – кога ќе ги погледнете сите популисти, не смееме да имаме заблуди. Сметам дека десничарите сакаат да поларизираат, и на тој начин доаѓаат на власт. И кога ќе дојдат на власт, таму имам многу пари за нив, посочи меѓу другото во своето обраќање Касале.
Фото: Роберт Атанасовски
Првиот панел:
(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 1: Демократијата под опсада