• Latest

НЕПОБЕДЛИВАТА СИЛА НА ЧОВЕЧНОСТА: Повик за обнова на посветеноста кон борбата за демократија и човекови права

December 31, 2024
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025

Трговците, производителите и дистрибутерите на средба кај Дурмиши за цените на храната

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот од Firstpost

Нагасаки одбележува 80 година од атомскиот напад

August 9, 2025
Фотографија: Википедиа

Администрацијата на Трамп бара 1 милијарда долари од Универзитетот Калифорнија за враќање на федералното финансирање

August 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски за средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата територија на окупатори

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НЕПОБЕДЛИВАТА СИЛА НА ЧОВЕЧНОСТА: Повик за обнова на посветеноста кон борбата за демократија и човекови права

December 31, 2024 13:43
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

На 1 јануари 2025 година светот ќе се приближи до средината на најтешката декада од крајот на Втората светска војна наваму. Живееме во декада кога неизмерно богатите и моќните, агресорите и злосторниците, тираните и нивните слуги – направија сѐ за да ги убедат луѓето дека се мали и безначајни. Живееме во декада кога лагите, манипулациите и омразата се претставуваат како вистина, заштита на јавниот интерес и патриотизам.

Истовремено, живееме во декада на знаење, технолошки напредок и мобилност. Кој пат ќе го избереме за да ја продолжиме и заокружиме оваа декада, ќе го одреди нашиот живот во иднина. Малку им недостасува на идеологиите на мракот да тргнат во решавачка битка за освојување на светот и нашите животи. Но исто толку малку им недостасува на луѓето кои веруваат во слободата, правдата и човечноста да кажат – НЕ! – и да го сменат текот на историјата.

Сѐ уште има време секој да донесе новогодишна одлука повторно да се посвети на борбата за демократија и човекови права, да ги почитува вредностите засновани на почит за човечкото достоинство и слобода. И најголемите и најсилните се ронат пред пркосот на „малите“. Бидејќи, без оглед на тоа колку луѓето може да изгледаат мали и безначајни, тие се дел од нешто најголемо на светот – ЧОВЕЧНОСТ.

Во време кога дигиталната ера нѐ поврзува како никогаш досега, се соочуваме со парадокс: вистината сѐ потешко се пробива до површината на океанот од дезинформации, а демократските вредности се замаглени и потиснати од алчноста, стравот и омразата. Оваа декада е тест на нашата способност да одбереме меѓу солидарноста и себичноста, меѓу прогресот и деструкцијата, помеѓу хуманизмот и бруталноста.

Најголемите битки не се водат само на фронтовите во воените зони, туку и во нашите умови, нашите срца, и во односот кон луѓето во нашите заедници. Дали ќе дозволиме пропагандата да ги обликува нашите убедувања, или ќе се избориме за право на критичко размислување и слобода на говор? Таа битка се води прво во нашите умови и срца! Дали ќе продолжиме да ги игнорираме страдањата на оние кои се различни од нас, или ќе најдеме храброст и доблест да застанеме во нивна одбрана? Најжестокиот фронт е во нас самите. Ако победи човечноста, справедливоста и солидарноста, силите на мракот ќе доживеат пораз на сите други фронтови.

Секој избор што го правиме може да биде тула во ѕидовите што ги делат или плоча на мостовите што ги поврзуваат луѓето. Каков свет градиме и каков свет оставаме за генерациите по нас е наш избор. Дали ќе им се предадеме на силите на мракот или ќе се бориме за подобар свет, зависи од секој од нас.

Тоа што изгледа како мала и безначајна постапка може да биде почеток на големи промени – гласот на избори, учество на продемократски протести, подадена рака за помош, зборови на охрабрување и утеха – сето тоа е дел од едно големо, заедничко дело. Големите промени секогаш започнуваат со мали, некогаш одвај забележливи чекори.

Нека оваа нова година биде момент кога ќе застанеме и ќе се запрашаме: Каков свет сакаме за нас и за идните генерации? Одговорот на тоа прашање не е само во зборовите што ќе ги изговориме, туку во акциите што ќе ги преземеме.

Има сила во единството, има сила во непокорноста против неправдата, и има сила во вербата дека човечноста може да победи. Нека 2025 година биде година на повторно раѓање на надежта, година кога ќе се потсетиме дека силата на човештвото лежи во нашата сплотеност и солидарност. Година на нашата обновена посветеност кон борбата за демократија и човекови права.

Среќна Нова!


CIVIL TODAY: THE UNBREAKABLE POWER OF HUMANITY: A New Year’s call to recommit to the fight for democracy and human rights [LINK]


Прочитајте и: 

Демократијата ќе победи: Нашето ветување за неуморна борба за праведен и слободен свет

Print Friendly, PDF & Email
Tags: демократијасолидарностСреќна Новачовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ