• Latest

Со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, пратениците ја изгласаа интерпелацијата за претседателката на КСПДМ, Илире Даути

January 10, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, пратениците ја изгласаа интерпелацијата за претседателката на КСПДМ, Илире Даути

January 10, 2025 17:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ.

Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Во текот на расправата беа изнесени различни ставови и обвинувања, а одговор на поднесената интерпелација даде и Илире Даути. Во одговор  рече дека со самото излагање на Јанчев се докажало дека интерпелацијата е без основа.

– Од каде и да гледате, ќе видите дека претседателката на Комисијата има право, зашто ја сака вистината во целост. Таа е убедена дека ако се тргнат фрагменти од историјата, вистината останува половична, а со таква вистина не може да се гради иднина за граѓаните. Но прифаќам,  и пратеничката има свои слабости. Таа е Албанка и треба да се соочи со разликите кои постојат не само во оваа институција… Таа е убедена дека за овие прашања се тргнува од човечноста и дека прво треба да бидеме луѓе, рече Даути.

Според неа, ако се прочитал член 9 од Уставот и член 176 од Деловникот „на секој ќе му биде јасно дека целта е да се покаже демонстрација на сила и диктат кон работата на пратениците што размислуваат различно“.

Бобан Карапејовски од ЗНАМ истакна дека ќе гласаат за интерпелацијата бидејќи, како што рече, „Деловникот мора да се почитува“. Поддршка најави и Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, додека пратеникот Талат Џафери од ДУИ оцени дека интерпелацијата е закажана многу доцна.

Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија од Коалицијата „Европски фронт“ нагласи дека оваа интерпелација е неоснована и претставува обид за политизација на една, како што рече, исклучително чувствителна тема, која бара внимателен и балансиран пристап. Оваа интерпелација, како што рече, не води кон конструктивно решение, туку може само да ги продлабочи поделбите и да го отежне патот кон градење на општествена кохезија.

– Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути во својата работа постојано покажува исклучителна посветеност кон градење конструктивен дијалог. Нејзиниот пристап не е опструкција, туку напротив тоа е одговорен обид да се обезбеди сеопфатна и темелна анализа, расправа за едно исклучително чувствително прашање кое длабоко засега различни општества во нашата држава, изјави Мурати.

Ова е прва пленарна седница годинава, а покрај интерпелацијата на Даути, на дневен ред се и интерпелациите за работата на четворицата членови на Владата – вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.

Интерпелацијата на Даути беше поднесена од пратеничката група на Левица, додека останатите четири интерпеалции се поднесени од коалицијата „Европски фронт“. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ