• Latest

Кампања за носење појас во возилата за подигнување на свеста и намалување на жртвите во сообраќајни незгоди

January 17, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

August 25, 2025

Пропадна уште едена обид за конституирање на Собранието на Косово

August 25, 2025

ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари

August 25, 2025
Фото: МИА архива

Се комплетира тимот од странски експерти кои ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници

August 25, 2025

МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

August 25, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Кампања за носење појас во возилата за подигнување на свеста и намалување на жртвите во сообраќајни незгоди

January 17, 2025 10:25
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишатата, почнува нова кампања под мотото #СтавиПојас во чиј фокус е подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот и намалување на повредите во сообраќајни незгоди со потешки последици, кои може значително или целосно да бидат анулирани со носење на сигурносен појас.

-Сигурносниот појас е многу повеќе од само револуционерен изум во возилата, тоа е уред кој секојдневно спасува илјадници животи на патишата во Македонија и ширум светот. Носењето на појас кога управувате со автомобилот е всушност инвестиција во вашето здравје, сигурност и иднина – иднина полна со нови доживувања со саканите и блиските, иднина со уште бројни безбедни километри уживајќи во животот – живот кој нема цена, велат од РСБСП.

Во таа насока, во следниот период, РСБСП, како што велат оттаму, ќе делува превентивно и едукативно на возачите и сопатниците на различни начини. За потребите на кампањата се изработени едукативни материјали, кои во рамки на спроведување на кампањата ќе бидат поделени на учесниците во сообраќајот.

Кампањата ќе се реализира на територијата на цела држава, преку непосредно учество на терен на РСБСП, електронски во медиумите и социјалните мрежи, а целна група ќе бидат возачите и патниците како учесници во сообраќајот.

-Потсетуваме дека согласно Законот за безбедност на  сообраќајот на патиштата налага возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат, се вели во денешното соопштение од РСБСП.

Потсетуваат дека одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патишта предвидуваат дека покрај возачот и сопатникот на предните седишта, подеднаква обврска за носење сигурносен појас имаат и лицата кои се превезуваат на задните седишта во возилото. Исто така, напоменуваат дека децата кои имаат помалку од пет години треба да бидат во детско седиште, врзани со сигурносниот појас од детското седиште.

-Законот предвидува глоба за неносење на сигурносен појас и тоа 40 евра во денарска противвредност за возачот кој управува со возилото, како и 50 евра во денарска противвредност за лицето кое се превезува во возилото, потсетуваат од Советот.

Сепак, додаваат, казните се само парична вредност, а животот и безбедноста немаат цена, токму затоа апелираат заради лична безбедност и безбедност на патниците во возилото, секогаш, при секое патување да се користи сигурносен појас.

Фото: РСБСП

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ