• Latest

Пратениците ги отфрлија амандманите од СДСМ и Левица поднесени за Законот за заштита на децата

January 21, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратениците ги отфрлија амандманите од СДСМ и Левица поднесени за Законот за заштита на децата

January 21, 2025 14:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја почна 31-седница на која пратениците расправаат по Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата во трето читање, за кој се поднесени вкупно шест амандмани. Дневниот ред на денешната седница беше дополнет со уште четири предлог-закони, и тоа Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска истакна дека врз основа на точка 2 од амандманот 10 од Уставот и член 11 став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, овој Закон се донесува со мнозинство гласови од присутни пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство. Врз основа на член 75 став 3 од Уставот, Собранието повторно го разгледува Законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателката е должна да го потпише указот.

Пратениците ги отфрлија двата амандмани поднесени од пратениците на СДСМ кој се однесуваа на бришење на член 9 за бришење на став 2 и да се избрише членот 10.

Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска при образложувањето на амандманите истакна дека предлог-законот бил донесен во процедура спротивна на Деловникот за работа на Собранието и наместо во матичното тело каде што треба да се разгледа предлог на закон – во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, беше разгледуван во Комисија која што нема ниту една допирна точка со овој закон – Комисијата за труд, економија и енергетика.

Како што истакна, во член 9 ставот 2 се брише. Со овој амандман се брише ставот 2 од член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и останува во важност ставот 4 од член 177 од постоечкото законско решение. Тренчевска образложи дека во другиот амандман бараат членот 10 од Законот да се брише. Со овој амандман се брише членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и останува во важност членот 177-б од постоечкото законско решениe.

-Во член 9 ставот 2 се менува и гласи: „Ставот (4) се менува и гласи: „Лиценцата за работа е јавна исправа и се издава во два примерока, од кои едниот примерок е за подносителот на барањето, а другиот примерок останува во Министерството. Лиценцата се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку подносителот на барањето зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на негово барање истата му се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборува и неговото писмо“. Амандманот се предлага со цел да се допрецизираат одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата поради одлуката на Претседателката на Републиката, согласно член 75 став (3) од Уставот, да не го потпише Законот, со укажување на потребата одредбите од членовите 9 и 10 од Законот да се преиспитаат низ призма на Амандманот V од Уставот.

Додека во членот 10 се менува и гласи: „Во член 177-б ставот (2) се менува и гласи: „Првиот дел од испитот од ставот (1) на овој член се полага по електронски пат со одговарање на определен број прашања со решавање на електронски тест на компјутер, на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку кандидатот го зборува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на негово барање му се овозможува да го полага и на јазикот кој го зборува и неговото писмо.“

-По ставот (3) се додаваат два нови ставови (4) и (5), кои гласат: „(4) По исклучок од ставот (2) на овој член, во случај кога единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит за стекнување на лиценца за работа не е во функција, а поради крајна итност за да не дојде до застој во континуираното вршење на процесот на лиценцирање, првиот дел од испитот од став (1) на овој член, се полага писмено во хартиена форма, на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку кандидатот го зборува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на негово барање му се овозможува да го полага и на јазикот кој го зборува и неговото писмо. (5) Начинот на полагање на испитот од ставовите (2) и (4) на овој член, го пропишува министерот“. „Амандманот се предлага со цел да се допрецизираат одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата поради одлуката на претседателката на Републиката, согласно член 75 став (3) од Уставот, да не го потпише Законот, со укажување на потребата одредбите од членовите 9 и 10 од Законот да се преиспитаат низ призма на Амандманот V од Уставот, рече таа.

Исто така, беа отфрлени и двата амандмани поднесени од Левица. Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев при образложување на амандманите потенцира дека бараат во членот 10 став 1 и став 2 зборовите „и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо“ се бришат. Посочи дека амандманот го предлага со цел предложеното решение да не биде спротивен на Амандман V од Уставот.

Јанчев нагласи дека со другиот амандман бараат во членот 9 став 2 зборовите „на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо“ се менуваат со зборовите „на еден од службените јазици и нивните писма во зависност од мајчиниот јазик на кандидатот“. Посочи дека амандманот го предлага со цел предложеното решение да не биде спротивен на Амандман V од Уставот.

Овие амандмани предизвикаа политички препукувања и  обвинувања помеѓу пратениците на Левица и Коалицијата „Влен“.

Димитар Апасиев, пратеник на Левица нагласи дека со амандманот бараат зошто само на албански да му се издава уверение на некој кој полагал лиценца.

-Зошто не и на турски да му се издава, зошто не и на ромски да му се издава, зошто не на спрски да му се издава. Ние не сме бинационална држава. Ако сме мултиетничка ќе биде на сите, а не само на два јазика, рече тој.

Апасиев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ја спроведуваат Тиранската платформа.

-Вие почитувани вмровци ја спроведувате тиранската платформа која што ДУИ и вашиот коалиционен партнер од ВРЕДИ си ја потпишаа кај Еди Рама на баци рака. Првата точка постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридкиот договор. Си го поставувате елемнтарното прашање. Зошто од тие 25 години после Рамковниот договор тек сега најдовте да воведувате. Ако било уставно уште во 2002 ќе го вовеле СДС тогаш. Еве ја тиранската платформа. Правилно спроведување на принципот на мултиетничност каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секакви права и уставна иницијатива што ја засилува националната рамноправност на албанското население. Втората точка постигнување целосна јазична еднаквост. Употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за негова примена како фундаментално и уставно право. Четвртата точка Создавање дух на доверба во функција на добри меѓеутнички односи, преземања афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албански културни институции на централно и локално ниво. Следната точка ви е создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, рече тој.

Пратеникот на „Влен“, Халил Снопче нагласи дека тој со неговата тајфа протестирале против Педагошкиот факултет, за да, како што рече, не може да се создаваат кадри кои ќе предаваат на албански јазик.

-Кога правиме само бука, галама, ништо не достигнуваме. Доаѓа време кога Албанците во оваа држава имаат три универзитети на албански јазик. Испитите на тие три универзитети се полагаат на албански јазик. Студентите учат на албански јазик. Учењето е знаење. Правото е универзална работа. Не е партикуларна работа. Правото не значи дека ако јас добивам едно парче право, ти ќе губиш од твоите парчиња права. Таа е универзална работа, ако јас стекнувам едно право, таа универзално се шири насекаде. Колку што повеќе права имам јас, тоа ќе се шири кај тебе. Ти ќе бидеш послободен. Тоа е и во врска со слободата. Ти не губиш ништо, ако јас добивам едно парче право, рече Снопче.

На ова, Апасиев одговори дека нема ништо против албанскиот јазик. Проблемот е, како што рече, е што во вашиот иредентизам и вашата кусогледност вие не гледате дека градиме паралелни општества, дека младите Македончиња и младите Албанчиња се разбираат.

Извор: МИА

Фото: МИА Архива/Принтскрин од видео

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ