• Latest

Шекеринска: Партнерство меѓу НАТО и ЕУ е од непроценлива важност

January 22, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Шекеринска: Партнерство меѓу НАТО и ЕУ е од непроценлива важност

January 22, 2025 15:15
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната на ЕУ е од големо значење за Европа и за европската безбедност, но исто така и за НАТО, бидејќи таа е нераскинливо поврзана со трансатлантската безбедност, порача денеска заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска во обраќањето на Годишната конференција на Европската безбедносна агенција во Брисел.

– Како некој што доаѓа од Северна Македонија, и не е „инсајдер“ во ЕУ, може да се запрашате дали сум најкомпетентна да зборувам за соработката НАТО-ЕУ. Но, особено имајќи го предвид моето национално потекло, верувам дека мојата земја точно покажува колку е важна, вредна и корисна соработката на НАТО и ЕУ, рече Шекеринска.

Според неа, блиското партнерство меѓу НАТО и ЕУ е од непроценлива важност не само кога станува збор за поддршка на Украина, туку и за обнова на трансатлантската одбранбена индустриска база и за зајакнување на отпорноста.

– Нешто кон што ќе се стремам во мојата работа како заменичка генерална секретарка на НАТО е да ги натерам двете организации да соработуваат уште поблиску. Затоа сум денеска овде со вас. Да ја испратам оваа порака и да кажам дека ова партнерство НАТО-ЕУ е од големо значење за генералниот секретар (на НАТО) Марк Руте. Тој е во редовен контакт со неговите колеги низ институциите на ЕУ, додаде Шекеринска.

Таа потенцира дека зајакнувањето на соработка меѓу НАТО и ЕУ е од суштинско значење и треба да биде заедничка цел во услови кога и двете организации се соочуваат со „жестоки конкуренти кои ја предизвикуваат и нашата безбедност, но и нашиот начин на живот“.

– Тука е Русија, која очигледно е во воен режим. Токму оваа година, Русија планира да потроши една третина од својот национален буџет за одбраната  и ова е навистина рекордно високо ниво. Нејзината воена индустрија деноноќно произведува оружје. Тука е и Кина, која значително ги зголемува своите сили. Таа инвестира многу во муниција и во немировни технологии и нетранспарентно го проширува својот нуклеарен арсенал, без ограничувања и јасни намери. Во меѓу време, се уште постојат и многу други опасности: од тероризмот до ширењето на нуклеарното оружје, но и климатските промени, потенцира Шекеринска.

Според неа, сведоци сме на се поголема дестабилизирачка кампања против земјите во Европа, која вклучува кибер напади, акти на саботажа и ширење дезинформации.

– Значи со сето ова и во сето ова комплицирано безбедносно опкружување околу нас, НАТО и Европската Унија ги имаат сите причини да соработуваат уште поблиску. Трансатлантската соработка не прави сите посилни, заклучи таа.

Шекеринска потенцира дека е потребно да се инвестира повеќе и подобро во одбраната и да се забрза производството на основните одбранбени капацитети.

– Сојузниците на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана во последниве години. Значи, две третини од сите членки на НАТО сега трошат најмалку два проценти од БДП за одбрана. И ова е дефинитивно добра вест. Но, лошата вест е дека два повеќе не се ни приближно доволни. Сојузниците ќе треба да потрошат многу повеќе од два проценти за да ги обноват нашите резерви, да го добијат потребното оружје со голем дострел и системи за противвоздушна одбрана и да ги интегрираат напредните технологии во нашите вооружени сили. Ни треба сето тоа, и повеќе, за да останеме безбедни во годините што следат, додаде Шекеринска.

Според неа, ако Западот не троши „повеќе и подобро“, ризикува да заостане зад Русија, а во тие напори своја улога игра и ЕУ со зголемување на сопствената одбранбена подготвеност и зајакнување на европската одбранбена индустриска база.

– Од суштинско значење е да работиме во тандем. Мора да избегнеме дуплирање на постоечките структури и создавање нови бариери меѓу сојузниците. Тоа само ќе ги зголеми трошоците, ќе го комплицира производството и ќе ги попречи иновациите. Тоа не е во наш интерес, особено кога Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ја зголемуваат својата одбранбена индустриска соработка на навистина невидени нивоа, порача Шекеринска.

Фото: НАТО

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ