• Latest

РЕАКЦИИ: Како до побезбеден сообраќај – одговорност, некорумпирани судство и полиција, построги казни

February 3, 2025
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Како до побезбеден сообраќај – одговорност, некорумпирани судство и полиција, построги казни

February 3, 2025 12:01
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што треба да се направи за побезбеден сообраќај?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека граѓаните безбедноста во сообраќајот ја препишуваат не само на граѓанската одговорност и сообраќајна култура, туку и на судството, полицијата и сообраќајната инфраструктура.

Во нивните одговори може да се види дека барањата се однесуваат на почитување на законите, некорумпирани судство и полиција, едукација, построги казни, подобра инфраструктура и подобрување на јавниот превоз:

Многу по квалитетен и по разновиден градски сообраќај, што би требало да ја развие граѓанската свест за намалување на нерационално користење на возилата, потоа МНОГУ по квалитетни патишта, забрана на одредени делови од градот за сообраќај освен за специјални возила( полиција, брза помош, такси и сл. ), а нај битно – не корумпирано и независно судство и професионална полиција.

Сообраќајот не може да се направи побезбеден, луѓето треба да се направат да бидат актери на побезбеден сообраќај. Прашањето е културно, а не сообраќајно, а тоа значи дека треба да се елиминира вмро, а не сообраќајот!

Одговорност. Од прв до последен да одговараат како помагатели во извршување на стореното дело.. Мора да се стави до знаење дека никој не над законот..

Поголемо присуство на полицијата на терен. Ваков инцидент со смртни последици направен на булевар, треба трајно одземање на возачката дозвола и пресуда од судот со најмалку 10 години затвор,а тој судија што ќе потклекне на притисоци и донесе поблага пресуда, да се казни и он со бркање од работа и најмалку три години затвор. Тогаш ќе видете дали ќе биде 2% или 98% доверба за судството. Ова што се прави е СРАМ за обичниот неук човек ,а не пак за фелата.

Да се затвори Јустинијан, да се избрка наставниот персонал и да се создаде Правен факултет.

Да се отпушти цело судство, и да се увезе ново.

Замислете држава со независно судство во која секоја незаконитост се казнува соодветно и праведно, на пример во здравството, во образованието, во градежништвото, во извршната власт, и во самото судство…

Големи казни кои нема да застаруваат или да се кинат.Каде е Сејв сити.Само почнува а никако да почне.Камери имаше и порано ама само за тендери не за казнување.

Треба да се заменат двата милиони население со други два милиони…за да се охрабри еволуцијата да дојде повторно во обиколка, да каже “оооо, па тука сега има материјал”

Трајно одземање на возилото за возење без дозвола, или по втор пат пијан фатен!!
Се е направено, само треба да се почитуваат законите. Ете детиштето што пијано го усмрти девојчето со години има криминално досие,но за жал изречените казни не соодветствуваат на сторените дела… бил дете на важен ти татко,па судовие за се суделе мижејки.Ќе видиме дали и за ова ќе одмолчат.
Полиција на улици да контролира и казнува учесници во сообраќајот ,само страв од казна ќе ги натера да почитуваат правила.
Анализа на податоците за видовите возила, ризичните места, ризичните профили (фамилијарно!) и потоа управување и контрола на шемите кои ќе произлезат од анализата, заедно со чести акции на запирања за увид на состојбата и документацијата на возачите и возилата.
На долгите булевари како Партизанска и останатите меѓу два семафора да има легнати полицајци за да не се вози брзо, и на 2 м пред секој пешачки премин.
1. Подобрување на инфраструктурата – Подобри патишта, добро осветлување, јасна сигнализација и безбедни премини за пешаците.
2. Зајакнување на законите и спроведување на правилатa.
3. Едукација на возачите и пешаците – Кампањи за подигнување на свеста за ризиците и важноста на почитувањето на сообраќајните правила.
4. Подобри технологии – Паметни камери, паметни семафори.
5. Повеќе јавен превоз.
6. Подигање на свеста за културата на возење.
Прво покачување на културата во осмолетките формирање работни групи во соработка со милицијата. Камери блицови и поголеми казни.
Б. Ј.
Tags: безбедностПрашање на денотсообраќајФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ