По земјотресите во соседна Грција и неколку помали потреси во нашата земја, се поставува прашањето дали и колку институциите на локално и национално ниво се подготвени да го заштитат населението и да ги санираат последиците.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку е подготвена државата за природни непогоди и несреќи од големи размери?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа