• Latest

Софија му порачува на Скопје да се држи до преземените обврски за уставни промени

February 10, 2025
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Софија му порачува на Скопје да се држи до преземените обврски за уставни промени

February 10, 2025 11:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новата бугарска влада објави дека одбива да преговара со Северна Македонија за омекнување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, пишува Красен Николов за Еурактив, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

Пред три години, Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки што ќе го деблокираат процесот на европска интеграција на Западен Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот устав, а властите во Софија ветија дека ќе го отстранат ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија, пишува бриселскиот портал.

На почетокот на 2024 година на власт дојде десничарската националистичка партија ВМРО-ДМПНЕ, а премиер стана лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Партијата победи на изборите со остра антибугарска реторика, ветувајќи дека нема да направи отстапки за Софија.

Мицкоски тврдеше дека чекал избор на редовна влада во Софија за да почнат преговорите за укинување на бугарското вето, но првите сигнали се дека дијалогот нема да се обнови. Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија не е билатерален проблем, туку веќе е услов на Брисел кон Скопје, се нагласува понатаму во текстот.

„Бугарија останува исклучително доследна во однос на нејзината политика кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји од овој регион. Постои европски консензус, како што е познато во Бугарија – францускиот предлог, кој строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи од Република Северна Македонија“, коментира министерот.

Според Еурактив, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инсистира уставните измени да бидат усвоени, но тие да стапат на сила по влезот на Северна Македонија во ЕУ, за да се спречи ризикот Бугарија да наметне ново вето по други основи.

Премиер Христијан Мицкоски веќе побарал средби со претставници на бугарската влада, пренесува Еурацтив, цитирајќи ја неговата изјава:

„Во минатото веќе имавме средби со бугарското раководство на највисоко ниво и со нивниот тогашен привремен премиер. Очекувам дека во следниот период ќе има средби со бугарската влада на различни нивоа и тоа не треба да не чуди. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние сепак ќе бидеме соседи“, вели премиерот Мицкоски и додава „Треба да градиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме за некои теми што не разделуваат“

Подготви: Д. Мишев

Tags: БугаријаЕУСеверна Македонијауставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ