• Latest

Фемицид, правда и реформи: Како изгледаше борбата за правата на жените во 2024

February 10, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Фемицид, правда и реформи: Како изгледаше борбата за правата на жените во 2024

February 10, 2025 13:21
in АНАЛИЗИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

МАРИЈА ТОДОРОВСКА

Правата на жените се од особена важност кога зборуваме за градење на едно поправедно, побезбедно и напредно општество. Правата на жените се борба која трае уште од 19 век до денес. Но, дали на тешкостекнатите права се работи и се унапредуваат, стојат во место или одат чекор наназад?  Дали жените, нивниот глас, проблеми, насилство беше оставено во сенка?

Ретроспективата на 2024 година покажа неколку позитивни случувања, прва пресуда за фемицид, усвојување на програмата за реинтеграција на жртвите на родово базирано насилство, усвојување на Резоулуција 1325…, но и стагнирање во однос на одредени прашања.

„За жал, 2024 година не донесе значајни унапредувања во однос на женските права и борбата против насилството врз жените. Законот за родова еднаквост, кој е суштински за постигнување системски промени, сè уште не е усвоен, што ја продолжува долгогодишната стагнација во оваа област“, вели Ана Аврамоска Нушкова, проектна координаторка во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Со законот на родова еднаковост се уредува воспоставувањето на еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите во областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната и безбедноста, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и во други области од општественото живеење.

„Она што ја одбележа годината е првата пресуда за фемицид, донесена во април од страна на Основниот суд во Кочани за убиството на Танкица која во септември 2023 година во раните утрински часови беше убиена од страна на Усаин Рашидов со 46 убоди од нож . Иако ова претставува одреден чекор кон признавање на сериозноста на родово базираното насилство, сепак останува многу работа за да се осигура правдата и безбедноста на жените. Дополнително, институциите и понатаму не водат посебна статистика за родово базирано насилство, туку само за семејно насилство, што е значајна пречка за соодветна анализа и креирање ефективни политики“, истакнува Ана Аврамоска Нушкова.

Фемицидот не е инкирминиран како посебно кривично дело во ниту една земја во Западен Балкан, освен кај нас кога во 2023 година со измена на законот е воведен нов облик на кривично дело тешко убиство, што е најблиску до фемицид. А првата пресуда за фемицид како што споделува и координаторката од Националната мрежа – Глас Протви Насилство е токму минатата година во април за случајот со Танкица која беше убиена со 40 убоди од нож од страна на Усеид Рашидов кој доби доживотен затвор.

А денеска започнува судењето за убиството на 29-годишната Емилија Пешева која на свиреп начин ( удари со тупаници и давење) беше убиена од страна на Фадил Зејнелов. Ставот на невладините организации е дека станува збор за фемицид. А останува да видиме дали ова ќе биде втората пресуда за фемицид која ќе ја одбележи 2025 година.

„Исто така, програмата за реинтеграција на жртвите на родово базирано насилство конечно беше донесена во последниот квартал од 2024 година, иако нејзиното усвојување беше предвидено уште во 2021 година. Сепак, позитивно е што оваа програма е покомплексна и опфаќа повеќе области кои ќе придонесат за успешна реинтеграција на жртвите, како и за нивно полесно вклучување на пазарот на трудот“, вели Ана Аврамоска Нушкова.

Освен соодветен одговор на насилството врз жените, од големо значење за заштита од насилство е и реинтеграцијата на жртвите, што подразбира помош за: домување, финансиска поддршка, психолошко советување, образование и обука, и помош при вработување.

„Како организација кој будно ја следи состојбата со насилството врз жените, ние вршевме мониторинг на Националниот акциски план (НАП 2018-2023) за имплементација на Истанбулската конвенција, при што главните наоди покажуваат дека е потребно уште многу да се вложува во оваа проблематика, особено во заштитата на жртвите. Функционалноста на специјализираните сервиси е од круцијална важност за заштита на жените жртви на насилство, а овие услуги мораат да ги исполнуваат стандардите поставени од Советот на Европа“, вели Аврамовска Нушкова.

Од Националниот совет за родова рамноправност велат дека 760 повици и 360 жртви пристапиле кон Националната, бесплатна СОС линија, 85 жртви и 130 посети во Советувалиштето за психо-социјална и правна помош при НСРР.

Изминатата година за Националниот совет за родова рамнпоравност ја одбележаа активности поврзани со зголемување на јавната свест за родово базирано насилство, семејно насилство и насилство врз жените, како и поддршка пружена на жртвите. Во 2024, како што ни споделија нивниот фокус бил и на темата економско зајакнување на жените со посебно внимание на оние од руралните средини.

Од Националниот совет за родова рамноправност споделија дека работеле и на поголема вклученост на жените во политичкиот, јавниот живот и зголемување на нивната самодоверба за преземање иницијативи.

За нив 2024 година ја одбележало и вклучувањето на жените во програмите за климатски промени и имплементација на резолуцијата 1325 во РСМ.

Резолуцијата 1325 е на ОН со која и формално се нагласува важноста на улогата на жената и нејзиното рамноправно учество во одбраната, или во спречување и решавање на конфликтите, т.е. во изградба на одржлив мир. Резолуцијата има за цел да го реши недостатокот на учество на жените, како во мировните процеси, така и во мировните операции, и недостатокот на свест за различните потребите на заштита што ги имаат мажите и жените за време на вооружен  конфликт и неговото решавање Резолуцијата 1325 наведува дека како се спроведува мирот може да има различни ефекти за пристапот до ресурси и „моќ“за жените и мажите.

Оваа резолуција ги повикува државите-членки да обезбедат поголемо учество на жените на сите нивоа на одлучување во националните, регионалните и меѓународните институции и механизми за спречување, водење и решавање на конфликти. Го повикува Генералниот секретаријат да именува повеќе жени за специјални претставници и пратеници кои ќе вршат должности во негово име и заради тоа, ги повикува државие-членки да номинираат свои кандидатки до Генералниот секретаријат.

И покрај неколкуте позитивни промени во 2024 година во областа женски права, сепак Ана Аврамоска Нушкова смета дека минатата година „најмалку активности се спроведени во делот на превенцијата, што претставува значителен пропуст, бидејќи без соодветни превентивни мерки, напредокот во оваа област останува ограничен“.

Промени има, но институциите да се движат пребавно во однос на инцидентите во кои жените се жртви. Оттука, од државата, од државните институции и нејзините регулаторни механизми, од оние на локално ниво, исто така, се нужни понагласени, повидливи ангажирања во насока на  заштита на жената од насилнички појави врз неа.

Преземено oд Нова ТВ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ